Facebook и неговите 500 милиони

Веќе е и официјално, Facebook денес ја достигна импресивната бројка од 500 милиони корисници. Истовремено, резултатите од неодамнешните испитувања на ForeSee – водечка агенција за утврдување на задоволството на корисниците на американско тло, укажуваат на неверојатно висок индекс на незадоволство на корисниците на Facebook.

Мрежата е постојано критикувана поради проблемите со приватноста на корисниците, а се повеќе и поради честите редизајни, но и покрај тоа успева да расте со пребрзо темпо, правејќи ги со тоа овие проблеми занемарливи и недоволно значајни. Па што е тоа што го прави Facebook толку неодолив? Што е тоа што му дозволува бесрамно да чепка по нашите лични податоци и да не сноси никакви последици за тоа?

Одговорот е едноставен, корисниците. Корисниците кои сами се пријавуваат и ги споделуваат тие информации, корисниците кои по своја воља ги upload-ираат своите слики, ги менуваат своите статуси, like-нуваат постови. Корисниците кои секојдневно се вклучуваат (или воопшто не се исклучуваат) од оваа толку популарна социјална мрежа. Facebook е ништо без своите корисници.

Токму тоа го објавува и Mark Zuckerberg во неговото денешно обраќање. Користејќи ја импресивната бројка како повод, кратко по пофалните зборови за освоената публика ја обелоденува и вистинската причина за обраќање – презентација на новата апликација Facebook Stories. Дефинитивно вистински маркетингшки потег за време во кое рапидно расте бројот на анти-Facebook групации и исклучувања на илјадници Facebook профили.

Апликацијата Facebook Stories има за цел да ги раскаже приказните на милионите Facebook корисници, позитивните влијанија кои тие ги оствариле преку користењето на Facebook и позитивните ефекти кои користењето на Facebook ги имало врз нивните животи. Објавувањето на сториите ќе се врши врз основа на демографските податоци слично како и сите адвертајзинг активности, или врз основа на темата на сторијата, обезбедувајќи ограничен простор за изразување од 420 карактери.

Според зборовите на Zuckerberg кој со помалку извештачен тон ја потенцира важноста на корисниците пред бројките, овие приказни имаат за цел да ги поврзат позитивните примери на луѓето низ светот, имајќи за цел да го прошират позитивното влијание уште повеќе.

Дали со овие стории Facebook ќе успее да го промени негативното мислење на јавноста? Дали тоа ќе го стори утрешното долгоочекувано интервју на Zuckerberg со Diane Sawyer, прво по дебаклот на D8 конференцијата? Времето ќе покаже…

Единствено што можеме со сигурност да кажеме е дека Facebook по којзнае кој пат успева одлично да изигра од маркетингшки аспект. Со воведувањето на Facebook Stories создава платформа за складирање на долгорочен позитивен публицитет, и што е најважно позитивен публицитет создаден од корисниците за корисниците. Принципот на word of mouth секогаш победува, што може да е поверодостојно од тоа?

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: