Еден ден, милиони приказни

Веројатно барем еднаш при посетувањето на You tube во изминативе денови сте се изненадиле кога сте здогледале поинакво лого и бројчаник на денови на местото на добро познатото . Веќе навикнати на модификации на логоата поради одбележување на национални и глобални случувања, или пак поддржување на каузи (Google веќе одамна нѐ навкина на тоа), си помислувате дека можеби и You Tube се одлучил за таков потег.

Меѓутоа овој случај е нешто сосема поинакво. Дефинитивно, кога You tube ќе реши да направи промени во својот стандарден изглед, можеме да бидеме сигурни дека се работи за нешто големо.

Life in a Day е проект организиран во соработка на Sundance фестивалот, You Tube  и Scott Free – продукциската куќа на Ridley Scott и Tony Scott. Овој проект е карактеризиран како историски кинематографски експеримент, кој има за цел да документира како еден ден се живее насекаде низ светот.  Најдоброто од сѐ е што во овој проект може да учествува ама баш секој што ќе посака. Вклучувајќи ве и вас!

Сѐ што треба да направите е да го документирате вашиот ден на 24 Јули 2010 и да го качите на You Tube каналот на Life in a Day најдоцна до 30 Јули 2010. По завршувањето на периодот на пријавување,  ќе бидат одбрани најдобрите 20 кои по ‘уредувањето’ од страна на Ridley Scott и добитникот на Оскар Kevin Macdonald ќе бидат прикажани на Sundance фестивалот следната година. Сите останати видеа ќе бидат прикажувани на You Tube каналот на Life in a Day.

Овој проект е дефинитивно доказ дека со социјалните медиуми светот станува сѐ помал и помал. Остануваат уште неколку часа до започнувањето на ова глобално случување, а подготовките се веќе одамна во тек. Бидете и вие дел од Life in a Day! Камерите во раце, целиот свет ве очекува!

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Tweets that mention Еден ден, милиони приказни « This is not a Social Media blog -- Topsy.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: