Моќта на Like копчето

Amazon.com отсекогаш биле познати по тоа дека ги поставуваат трендовите во електронското купување. Со својот најнов проект тие уште еднаш ја покажуваат својата инвентивност, како и способноста за следење на најновите трендови и нивно искористување во своја полза.

Неодамна Amazon.com ја отвори опцијата за интегрирање со Facebook. На почетокот сите мислеа дека се работи само за поедноставување на процесот на регистрирање на сајтот, меѓутоа корисниците добија многу повеќе од тоа. Со прифаќањето на опцијата за поврзување на Amazon.com и Facebook, пред корисниците на Amazon.com се појавува комплетна листа за сугестии на книги кои можеби би им одговарале, музика или филмови кои според нивните претходни Facebook активности се карактеризирани како соодветни. Веќе видено, ќе помислите. И досега по нарачката на одреден тип на книги, ви пристигале редовни пораки сугерирајќи на новитети од истиот жанр. Сепак, овој пат сугестиите се отидени уште еден чекор понапред. Новитет од оваа интеграција на двата могули е тоа што при интегрирањето на Amazon.com со Facebook се појавува сосема нова опција за сугестии за подароци на Facebook пријателите на корисникот.

Предлозите се презентираат според датите на раѓање на пријателите, со што при отварање на страната пред вас се прикажуваат профил фотографиите на пријателите кои имаат роденден во тековната/следната недела, а со само еден клик на профил фотографијата, се отвара цела листа на сугестии базирани на книгите, филмовите, музичките албуми кои тие ги означиле како омилени со кликнување на Like копчето.

Иако проектот е сѐ уште во бета тестирање, веќе полека почнува да остварува големи резултати. Дефинитивно Amazon.com со ова направи уште еден чекор понапред во електронската продажба, додека Facebook по којзнае кој пат докажа дека што и да излезе од оваа компанија не е случајно. Тоа што на почетокот ни изгледаше како безопасно, забавно копченце, денес детерминира целни групи, и насочува продажни процеси. Like копчето полека ја покажува и својата вистинска моќ…Дали и вие веќе го вклучивте во вашите сајтови?

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: