Кампања на Coca Cola повлечена од Facebook

Неодамна Coca Cola започна со промоција на пијалокот Dr. Pepper на Европскиот пазар. Како главна платформа за промоција беше одбран Facebook, имајќи го во предвид се поголемиот пораст на корисници на оваа социјална мрежа. Кампањата се состоеше од превземање на статусите на сите корисници на Facebook кои станале фанови на брендот. Со превземањето на статусите, Coca Cola добиле комплетна дозвола за објавување на било каква содржина на статусите на согласните корисници. Coca Cola ја искористиле оваа опција за објавување на смешни, а понекогаш и срамни пораки кои требало да бидат асоцијација за ‘зачинетиот’ пијалок.

Но, една од тие пораки била премногу зачинета за госпоѓа Рикман од Глазгов. Таа на статусот на својата 14 годишна ќерка здогледала познат цитат од  порнографски филм, по што веднаш започнала да реагира преку различни социјални мрежи. Првично се огласила на социјалната мрежа Mumsnet, по што следела и реакција од страна на Coca Cola. Тие во знак на извинување и’ понудиле карти за театар и една ноќ во хотел во Лондон. Откако г-ѓа Рикман ја одбила понудата и продолжила со анти пропаганда по социјални мрежи, Coca Cola немале друг избор освен јавно извинување и комплетно прекинување на кампањата. И покрај тоа што голем број на корисници се бунеле зошто кампањата е прекината, сепак компанијата се одлучила на ваков чекор, и заедно со јавно извинување истакнале дека ќе бидат превземени сите потребни мерки за вакво нешто да не се тиле оваа опција за објавување на смешни, а понекогаш и срамни пораки кои требало да бидат асоцијација за ‘зачинетиот’ пијалок.

Дали г-ѓата Рикман реагирала правилно или ја сфатила оваа игра на Dr. Pepper премногу сериозно, ќе оставиме на вас да заклучите. Сепак, едно е сигурно, моќта на социјалните медиуми е се’ поголема и поголема. Кога порака на поединец може да прекине цела кампања на гигант како Coca Cola, мора да се запрашаме какви се’ промени ќе донесат социјалните медиуми во иднина?

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Tweets that mention Кампања на Coca Cola повлечена од Facebook « This is not a Social Media blog -- Topsy.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: