Facebook надвор од интернетот

Унгарскиот огранок на Saatchi & Saatchi за T-Mobile во Будимпешта ја организираше кампањата “Го носиме Facebook на улицa”. Целта на кампањата беше да се промовира користењето на Facebook преку мобилните телефони со најновиот пакет на T-Mobile, Domino Net.

Првата фаза на кампањата беше успешно спроведена во периодот од 30 Јули до 8 Август. Се’ започна со креирање на Facebook страницата насловена “Го носиме Facebook на улицa”. Откако страницата се здоби со доволно фанови, започна и вистинското пренесување на Facebook на улица.

На плоштадот Erzsebet во Будимпешта беше поставена 4 метри висока копија на Facebook страницата. Facebook “ѕидот” поставен на плоштадот, не само што го прикажуваше реалниот изглед на страницата  “Го носиме Facebook на улица”, туку и  постовите праќани на страницата во период од 10 дена. Сите постови (па дури и секоја од профил фотографиите) пратени на реалната Facebook страница беа рачно исцртувани и поставувани на ѕидот. Повеќе за изработката на самиот ѕид можете да видите на овој линк.

Страницата и постовите беа редовно обновувани, а на крајот на секој ден најсреќните можеа и да ги земат своите постови од огромниот ѕид. Во период од 10 дена беа нацртани повеќе од 9000 поста, страницата доби повеќе од 18000 like-ови, а бројот на постетители на реалната и импровизираната Facebook страница достигна огромни размери. Кампањата беше проследена и со редовни настани пред Facebook ѕидот, награди за посетителите, како и неизбежното постојано следење и известување на Fаcebook.

Facebook на улиците доживеа огромен успех, за тоа говори и Facebook страницата на која се’ уште секојдневно се јавуваат голем број на задоволни корисници. Како што велат од Saatchi & Saatchi, ова е само првата фаза од кампањата, во подготовка се уште многу нови изненадувања кои ќе бидат прикажани во скоро време.

Се надевам дека наскоро ќе имаме прилика да го видиме Facebook и на некоја од нашите улици 🙂 За крај, ве оставам со дел од атмосферата пред Facebook ѕидот во Будимпешта.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: