Old Spice со Emmy за најдобра реклама

Една од најспомнуваните кампањи во последните месеци, кампањата “The man your man could smell like” на Old Spice веќе одамна се докажа како извонредно успешна. Агенцијата Wieden+Kennedy, не само што доведе до зголемување на продажбата на Old Spice за повеќе од 105%, туку и успеа да постигне нешто што на многумина не им поаѓаше од рака, да допре до  вистинскиот потенцијал на социјалните мрежи и да го искористи во полза на својот клиент.

Докази за успешноста на оваа кампања се среќаваат секојдневно на многубројните блогови посветени на оваа тематика, а од пред 4 дена, за Wieden+Kennedy пристигна и уште едно навистина престижно признание -наградата Emmy за извонредна реклама за 2010. Победничката кампања беше во конкуренција со реклами на Coca Cola, Snickers, Audi, Absolut Vodka и Nike, а три од номинираните кампањи беа дело на Wieden+Kennedy.

Наградата со оригинален наслов “Outstanding Commercial” му беше врачена на шармантниот Isaiah Mustafa, според многумина еден од главните виновници поради  кои со денови корисниците на Twitter и Facebook будно го очекуваа секој следен чекор на Old Spice.

Ова признание е дефинитивно уште еден голем доказ за моќта и влијанието на социјалните медиуми во нашето секојдневие. Дојде време во кое реклама презентирана на социјални медиуми е прогласена за најдобра и стаса до Emmy. Дали тоа значи дека и филмот за Facebook  го очекува светла иднина, па можеби и Oscar?

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: