Наследникот на Old Spice е веќе тука?

Неоспорно е дека рекламната кампања на Old Spice донесе сосема нов пристап во on-line рекламирањето. Прашање на време беше кога и други компании ќе започнат со овој интерактивен пристап во промовирањето на нивните производи.

Денес ви претставувам уште еден пример на интерактивно online рекламирање за кој сметам дека е достојна замена за одличниот Old Spice guy. Компанијата Tipp-Ex, со цел да ги промовира коректорите кои ги произведува, на одличен начин ги искористи можностите за пребарување на YouTube. Главни карактери на кампањата се симпатичните ловец и мечка, а главен креатор на приказната е секој корисник на YouTube кој ќе го отвори видеото на Tipp-Ex 🙂

Целата приказна започнува вака:

По прикажувањето на првото видео, во рацете на гледачот останува судбината на мечката и ловецот. На располагање стојат стотици можности за избор на активности. За содржината на видеата нема да објаснувам многу, доволно е да се обидете да напишете ‘loves’ или ‘tickles’ во посочениот простор, и ќе добиете слика за какви приказни станува збор 🙂

Иако во самиот почеток оваа кампања беше критикувана поради индиректната промоција на производот, најмногу поради тоа што производот кој се промовира не е застапен во секое од видеата, ниту пак содржината е поврзана со него, сепак по само неколку недели од прикажувањето на видеата, мислењето е сосема поинакво. Tipp-Ex е  дефинитивно производ кој ќе остане запаметен и за кој ќе се зборува уште долго време.

Зошто? Откријте и самите  🙂 Посетете го YouTube каналот , и најдете ги вашите омилени Tipp-Ex приказни 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: