Формулата на IKEA за on-line рекламирање

IKEA е добро позната како компанија која веќе со години нуди високо квалитетни производи по многу пристапни цени. По се изгледа дека таквата комбинација на висок квалитет и мал буџет одлично ја спроведуваат и во нивните маркетинг активности. Пример за тоа е промотивната кампања за отворањето на новиот продажен салон во Малмо, Шведска. Иако е малку постар, не можев а да не го споделам овој одличен потег од нивна страна, со оглед на тоа дека оваа кампања претставува вистински пример за тоа како со малку финансиски средства (најчесто спомнуваниот проблем кај македонските компании) можат да се постигнат одлични резултати.

И покрај нискиот буџет за маркетинг, од агенцијата задолжена за маркетингот на IKEA Forsman & Bodenfors беше побарано да го направат отворањето на новиот продажен салон масовно посетено. За тоа според зборовите на одговорните во Forsman & Bodenfors беше потребно нешто што “ќе започне да живее свој живот” и масовно ќе се прошири помеѓу целната публика без постојано учество на агенцијата. Со цел да заштедат што повеќе, Forsman & Bodenfors одлучија да го искористат Facebook како бесплатна опција за промовирање, но не преку отворање на Facebook страница или поставување на реклама, туку преку отворање на кориснички профил на менаџерот на продажниот салон Gordon Gustavsson.

На неговиот профил во текот на две недели беа поставени 12 фотографии со производи на IKEA. На Facebook пријателите на Gustavsson им беше пренесено дека доколку први се tag-нат на некој од производите, ќе го добијат тој производ бесплатно.

Профилот на Gustavsson набрзо стана еден од најпосетуваните профили, со стотици корисници заинтересирани да станат дел од оваа наградна игра. За ефектите нема што многу да се објаснува, задоволните корисници самите ја креираа on-line промоцијата на IKEA. Компанијата успеа без големи издатоци да формира огромна дата база на потенцијални корисници, а воедно и да ја оствари првично поставената цел – голема посетеност на отворањето на продажниот салон во Малмо. Погледнете и самите како изгледаше големото отворање, мислам дека тоа е доволен доказ дека е можно со ниски трошоци да се остварат огромни резултати.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: