Facebook камп со Coca Cola

Coca Cola е позната по тоа што е компанија која отсекогаш успевала да го издигне адвертајзингот на ново ниво. Без разлика дали се работи за принт реклами од шеесетите или пак телевизиски реклами што остануваат запаметени со децении, Coca Cola отсекогаш давала пример за одличен адвертајзинг. Не е ни чудно што толку лесно успеа да се приспособи на новите медиуми, и како и вообичаено со голема леснотија да завладее со светот на социјалните мрежи. Тука не мислам на добро познатата Coca Cola Facebook страница која првично била направена од двајца обожаватели, а потоа превземена од Coca Cola. Мислам на сосема новиот пристап на рекламирање на Facebook преку Coca Cola летните кампови.

Coca Cola успеа годишната промотивна активност – летните кампови за тинејџери од целиот свет, да ја спроведува паралелно и на Facebook. Како? На секој од посетителите на летниот камп му беше давана специјална алка со микрочип кој го содржи неговото корисничко име и лозинка на Facebook. На различни локации во кампот беа поставени кутии со микрочипови кои ги читаат алките кои им беа дадени на постетителите. Со алките кои им беа дадени, посетителите ја добија можноста со само приближување на една таква кутија со микрочип, да направат Like на локацијата во кампот која ја посетуваат во моментот. Воедно им беше дадена опцијата да споделуваат фотографии на Facebook директно од самиот камп, како и да оставаат коментари на веќе поставените фотографии. Звучи неверојатно? Уверете се и самите, пред вас е уште една потврда дека Coca Cola многу добро си го знае маркетингот 🙂

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Tweets that mention Facebook камп со Coca Cola « This is not a Social Media blog -- Topsy.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: