Промени кај промовираните твитови – ново поглавје во Twitter адвертајзингот

Континуирано големиот успех на Facebook како адвертајзинг платформа, по се изгледа придонесе и Twitter да започне со преземање на се’ посериозни мерки  за унапредување на опциите за промовирање. Со цел наскоро да стане конкурент на Facebook и во оваа област,  Twitter најпрво направи промени на интерфејсот кои имаа за цел да го направат попристапен за сите типови на публика. Откако сите промени беа спроведени се роди новиот Twitter. Дискусиите за или против толку драстични промени се уште траеа, кога Twitter започна најава на  маркетинг фокусирани промени.  Една од тие промени беше спроведена и денес, токму кај моментално најактуелната можност за промовирање на Twitter – промовираните твитови.  Денес за прв пат овие твитови се најдоа на врвот на листата на најспомнувани теми, додека досега беа на самото дно на листата.

Оваа промена дефинитивно има потенцијал за големи резултати. Промовираните твитови се поистакнати  и јасно видливи со секое отворање на почетната страница, а по кликнувањето на некоја од другите најспомнувани теми, промо твитовите остануваат на самиот врв на листата како и  досега. Според најавите на Twitter, ова е само еден од серијата на тестови кои следуваат, се најавуваат дополнителни промени кај промовираните твитови, како и долгопосакуваните промовирани профили. Сите најави водат кон еден заклучок – Twitter дефинитивно подготвува одлични можност за промовирање кои уште од сега треба да се имаат во план за блиска иднина.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: