I like it on…Facebook!

Ако во последниве неколку дена сте забележале барем неколку статуси налик на овој:

I like it on the floor!

I like it on the park bench!

I like it everywhere!

тогаш веќе делумно сте запознаени со најновата хит кампања на Facebook. Не, не се работи за ненадејно отворање на вашите пријателки и јавно изјавување каде најмногу сакаат да водат љубов. Се работи за нешто многу, многу посериозно. Имено, во светски рамки месец октомври е прогласен за месец за зголемување на свесноста за борба против рак на дојка, и илјадници жени ширум светот го објавуваат овој статус во знак на поддршка во борбата против оваа ужасна болест.

Идејата за пренесување на поракатa е навистина одлична. Се започнува со дадена рамка – провокативна изјава (како моменталниот хит “I like it on…”) која оди заедно со тајно прашање, кое во случајов е “каде најмногу сакате да ја оставате вашата чанта?”. Девојките објавуваат статуси како:  “Најмногу сакам на маса” или “Најмногу сакам на кревет”, а резултатите се одлични. Неизбежни се голем број на коментари од изненадените пријатели, а девојките ја користат таа прилика на коментарите да одговорат со објаснувања за борбата против и превенција од ракот на дојка. Навистина добар потег со благородна цел, и дефинитивно голем доказ дека Facebook  ја има моќта за позитивни промени насекаде во светот. This is Not a Social Media blog ја поддржува оваа светска кампања, а вие? Where do you like it? 🙂

Advertisements

3 comments

  1. Pingback: Tweets that mention I like it on…Facebook! « This is not a Social Media blog -- Topsy.com

  2. Се тоа одлично само малку не се доловува моментот на објаснување дека се работи за кампања и за која тема….Денес следев на едно место коментари за статус на девојка и имаше околу 20 каде толку беше забавна играта што понесени од моментот никаде не се спомена поентата на кампањата/статусот.

    Поздрав

    • Кај нас не е доволно испромовирана целата работа, па затоа голем број на статуси завршуваат баш како што спомна. На девојките им е интересно да објават провокативна реченица, на пријателите уште поинтересно да коментираат, и муабетите преминуваат во сосема друга насока.
      Токму еден таков статус ме поттикна да ја напишам статијава и да си земам за цел да придонесам во ширење на правилната порака. Се надевам дека ќе успеам да ја проширам информацијата за вистинската кауза и кај нас, па сите заедно ќе можеме да направиме многу поголемо влијание 🙂

      Поздрав и се читаме 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: