Обожавателите ја контролираа Katy Perry преку Twitter и Facebook

И додека се уште не стивнуваат пофалбите за домашниот избор на учесници за најновиот спот на Katy Perry, таа интензивно продолжува да ги користи социјалните медиуми за да се приближи уште повеќе до своите обожаватели. Како и во претходниот случај користи навистина креативен начин за да го привлече вниманието на светот, а овој пат во тоа и помага BBC Radio 1.

Нејзиното гостување во емисијата на Scott Mills, беше многу поинакво од неговите претходни емисии. Иако BBC се познати по користењето на социјалните мрежи за време на скоро сите емисии во живо, овој пат решија да ги однесат работите на уште повисоко ниво. Им дозволија на обожавателите на Katy Perry, не само да го следат во живо нејзиното гостување преку емитување на видео стриминг на нивниот сајт, туку и им дозволија тие да ја креираат емисијата, односно да одлучат што ќе прави Katy во текот на целата емисија.

Од нив беше барано да ги напишат своите предлози за тоа што треба да прави Katy за време на емисијата, и да ги објават на Facebook страницата на BBC Radio 1, или на Twitter под ознаката #uctrlkaty. И секако, најинтересните предлози беа остварувани 🙂 BBC за оваа емисија вели дека е  еден од најлудите експерименти кои ги има направено, а како што стојат работите по големиот успех на овој, ќе следуваат уште многу нови “експерименти”. Погледнете дел од атмосферата преку следното видео, за жал комплетната емисија не е достапна за нашиот регион 😦

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: