Продавам Like, цена по договор

Навистина ме радува што македонските компании во последно време ја согледуваат вредноста на социјалните медиуми во нивниот маркетинг и полека започнуваат да градат корпоративни профили. Особено се радувам што полека се намалува бројот на Facebook ads кои досега бесрамно се појавуваа по стотици пати, најавувајќи ГОЛЕМИ ПОПУСТИ, и нешта што НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПРОПУШТИТЕ. Иако најголем број од компаниите се уште го гледаат само Facebook како простор за промовирање (веројатно поради тоа што само за оваа мрежа имаме општо познати информации дека има околу 700.000 приклучени македонци), сепак сметам дека и тоа е еден чекор напред од скорешната ситуација во која социјалните медиуми се сметаат за играчки за деца од кои нема ама баш никаков аир (не дека и ден денес нема компании кои го тврдат тоа).

Супер е тоа што секој ден гледам се повеќе покани за приклучување на страници на наши познати брендови, редовно одржување на тие страници и број на корисници кои ја ‘лајкнале’ страницата кој секојдневно се зголемува. Сепак, едно нешто навистина не можам да разберам.

Зошто страниците на македонските компании ги користат наградните игри како единствен начин не само да ги привлечат, туку и да ги задржат корисниците? Ок, сфаќам дека преку наградна игра е најлесно да се соберат илјадници корисници, и сосема го оправдувам тоа, ништо нема полесно да го рашири зборот за некоја страница колку што тоа ќе го направат интересни награди. Но постојано наградување и спамирање за тоа наградување мене ми изгледа како купување на публиката. Па зарем ниедна компанија нема да понуди никаква друга вредност освен парична награда? Зарем не можат да се заинтригираат корисниците на ниеден друг начин освен бесплатно делење на производи? Која е целта на Facebook тогаш, дајте да земеме камиони и да делиме поклони по улици (барем тогаш луѓето не би морале да се спотепуваат за еден лајк, или да кинат живци затоа што не им се отвора апликацијата).

По се ми изгледа дека наскоро никој нема ни да помислува да кликне Like на страница доколку нема некоја голема наградна игра со огромна потенцијална добивка. Во тој случај, само големите компании ќе можат да си дозволат да бидат присутни (и популарни) на Facebook, а малите и средните фирми ќе гледаат што се случува и ќе си седат на страна бидејќи нема да можат да одвојат огромен буџет за нешто што се смета за една од најевтините форми на адвертајзинг.

И додека ние седиме пред Facebook и непрестајно кликаме лајкови на слики, или праќаме покани на сите пријатели 5-6 пати по ред за да освоиме некоја наградичка, насекаде во светот социјалните медиуми се користат за пружање на вистинска вредност на корисниците кои го подариле своето скапоцено Like на некој бренд. Ford лансираше нов автомобил ексклузивно на Facebook пред да го претстави на било кој друг медиум, давајќи им предност на корисниците на нивната страница пред било кој друг. Starbucks нуди опција на корисниците да го проверат балансот на нивните Starbucks картички, и преку Facebook да дознаат колку средства имаат на располагање, Heineken Light им дава на корисниците совети за како да го поминат викендот, како најдобро се пие пиво, па дури  и објавува нови промотивни материјали како Heineken патиките, и бара мислење од Facebook корисниците на страницата.

Социјалните мрежи се социјални бидејќи овозможуваат неверојатно лесна директна комуникација со публиката, и одржување на континуиран разговор. Кај нас разговорите се сведуваат на “Супер сте, најдобри сте, а кога ќе има следна наградна игра?” И што ќе се случи кога нема да има повеќе средства за наградни игри, или кога публиката ќе се презасити од кликни лајк за да добиеш…?

Ок е да ги почастите со вечера на првиот состанок, но зарем сакате да бидете во врска со некој што е со вас само поради бесплатните вечери? Време е да започнеме да го користиме вистинскиот потенцијал на социјалните мрежи.

Advertisements

6 comments

  1. ghjsdfg

    Обичните луѓе, оние кои не знаат што е социјална мрежа не се заинтересирани да лајкнуваат официјални страници, фејсбук и страните на фејсбук се популарни зашто повеќето од нив имаат интересни наслови. Ако ги нема нив, фејсбук нема да биде популарен.
    А, овие брендови кои привлекуваат фанови со наградни игри нема да бидат задоволни од тие фанови, бројката ќе си остане само бројка, а фанот ако не се идентификувал со брендот туку го лајкнал заради наградната игра во иднина ќе го критикува, а брендот ќе има само негативни поени.

    • Се согласуваме 🙂 Наградните игри според мене имаат само краткорочни ефекти кои водат кон создавање на моментална ‘гужва’ и разговор за страницата…Доколку понатаму не се направи нешто е интересно за корисниците и блиско до нивното секојдневие, резултатите ќе бидат само негативни…

  2. Супер пост, сега веќе нама да мора исфрустрирано да им го раскажувам истово на компаниите за кои (треба да) работиме. Едноставно само ќе им пратам линк, како што правам со куп други теми 🙂

    Патем…FB like е најглупавото нешто што можеше да се измисли :)))) тоа мојот личен став 🙂

    • И јас си ги имав истите маки,па морав да си пишам што мислам :)) Се надевам дека наскоро ќе се сменат работите на многу подобро, па за некој месец и ние ќе се фалиме со издржани и ефиканси стратегии, наместо со 5000 награди неделно 🙂

  3. Spasenoski

    Секоја чест за блогов, јас сега дознав преку skypе нотификацијата што ја имаш колешке, и морам да признаам дека многу многу многу се добри и издржани статииве кои ги имаш поставено.

    Па конечно и на кирилица да прочитаме нешто повеќе за интернет адвертајзингот и социјалните мрежи.

    Уште еднаш браво и само напред.

    • Iva

      Фала многу многу 🙂 Ќе пробам да ги оправдувам комплиментите и понатаму 🙂 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: