Вашата фотографија на Times Square?

Со помош на Facebook, дури и тоа е остварливо 🙂

Corona Light веќе некое време интензивно работи на кампањата “Помогнете ни да станеме нај-Like-увано пиво во Америка”. Кампањата е насочена кон корисници од 21 до 29 години, од целиот свет (значи можеме да учествуваме и ние:), од кои се бара само да кликнат Like на официјалната Facebook страница на Corona Light, и на ѕидот на самата страница да закачат своја фотографија. Не е потребно да се фотографирате со некој од производите на Corona, ниту пак има некое посебно барање за содржината на фотографијата, единствено потребно е да сте согласни таа фотографија подоцна да биде јавно објавена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во знак на благодарност за подареното Like, Corona ќе ја прикаже вашата фотографија на огромен билборд на Times Square во Њујорк. Билбордот ќе биде поставен на 8ми ноември а ќе стои на плоштадот до 6ти декември оваа година. Паралелно на прикажувањето на Times Square, фотографиите од билбордот ќе бидат закачувани и на Facebook страницата, за секој од корисниците да може има ‘доказ’ дека се појавил/а на Times Square.

Според зборовите на Jim Sabia, извршен подпретседател на маркетинг на Corona Imports (Ексклузивниот американски увозник на Corona Light) за корисниците на Corona Light, поставувањето на нивната фотографија на едно од најпознатите места во светот е возбудливо искуство, а воедно и фантастичен начин на вклучување на публиката на улиците и поврзување со бренд амбасадорите на Corona Light.

На денешен ден, само пет дена пред објавата на билбордот, страницата на Corona Light има177.525 членови. Податоци за нивото на продажбата се уште нема, но би рекла дека Corona Light со оваа кампања има за цел само да постави добра основа за развој на offline кампања. Претставување на билборд со повеќе од 150.000 бренд амбасадори, не може да помине не забележано.

Па и ние имаме електронски билборд на нашиот плоштад, зошто да не го искористиме на сличен начин? 🙂

via All Facebook

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: