Дали сте среќни на социјалните мрежи?

Тролови, хејтери, мрчатори и што уште не…Од толку зачестената појава на негативни коментари и критикувања по сите можни социјални мрежи, овие ‘ликови’ си добија и свои препознатливи имиња. Одамна не ми се случило да вклучам Twitter и да не видам барем неколку негативни твита, да погледнам некоја Facebook страница и да нема луѓе кои ја плукаат фирмата (некои затоа што не ја добиле наградата што им е ветена, други затоа што не им е одговорено прашањето, трети затоа што едноставно им било досадно по дома, па решиле да фатат некого на пик), за Youtube да не зборуваме, скоро секое видео си има своја приказна, препукувања, бескрајни расправии, и сето тоа без некоја посебна цел или поента. Негативности на интернетов колку ти душа сака.

А каде се позитивните работи? Кој е зборот со спротивно значење од трол? 🙂 Дали некој воопшто се труди да ги направи социјалните мрежи ‘поубаво место за живеење?’ Иако го поминуваме скоро целиот ден на интернет, за жал не ми делува дека воопшто постои било каков обид за некакво подобрување.

Првото нешто што ме поттикна да го напишам постов, е кампањата на шпанскиот ланец на бутици Desigual насловена ‘Да го направиме интернетот среќен!’ (Фала многу на Калина Зографска за линкот!). Како дел од оваа кампања, тие склучија договори со неколку блогери ширум светот, и директно ги вклучија во доделувањето на производи на Desigual. На корисниците им беше дадена можност да одберат еден произовод кој би сакале да го имаат, и се што требаше да направат за да го добијат, e во одредено време да пратат позитивна порака на блогот кој беше објавен од страна на Desigual. Првите 100 коментари на кои блогерот ќе одоговореше, ја добиваа наградата која ја посакуваа.

Кампањата беше подржана и со прашања од типот на: што ве прави среќни? Како ги усреќувате другите? Кога сте биле најсреќни досега? На сите социјални мрежи на кои беа присутни Desigual се создаде одлично позитивно расположение, и дури ретките негативни пораки беа задушувани од многубројните позитивни коментари на корисниците. Со малку труд се постигна многу. Не само што се ‘разубавија’ профилите на Desigual, и блоговите на одбраните блогери, туку и се поттикнаа голем број на насмевки на сите фанови на овој бренд. Навистина лесно и едноставно.

И тука следи тешкото прашање, а воедно и втората причина да го напишам постов. Зошто истото не се случува и кај нас? Некој ќе рече па и да се почне ваква кампања нема да успее, луѓето едноставно не се навикнати така да реагираат. До стандардот е, до секојдневните негативни случки во земјава е, до народот е, се некако води до негативност…Но кога можеме да се собереме во толкав број за да критикуваме опсади, шпански серии и јавни фаци и сето тоа да е пропратено со огромен број на духовити коментари, зошто да не можеме да се собереме и да споделуваме позитивни работи?

Можеби на некого идејава ќе му изгледа утопистички, интернетот постои веќе со години, троловите си се тука па, скоро од старт 🙂 и немаат намера да си одат, но се надевам дека има и такви кои би сакале да уклучат Twitter или Facebook од сабајле и да прочитаат нешто убаво.

За крај, не би сакала овој пост да го разберете како критика на критиката 🙂 Не сум против критикувањето, и не мислам дека на секој Facebook профил, блог или Youtube канал треба да цветаат цвеќиња, но сметам дека  ‘мрчењето’ и изливите на фрустрации без причина се сосема непотребни. Конструктивната критика која има за цел да придонесе за подобрување на нешто, е секако добредојдена и многу посакувана (како за постов, така и за целиот блог 🙂

Advertisements

2 comments

  1. Nia

    Ми се допаѓа. Ми се допаѓа и концептот на блогот и тоа што го имаш напишано во био за авторот 🙂

    Мислам дека порано и јас се трудев интернетот да биде среќно место. Сега само се трудм да бидам културна.

    Троловите знаат да бидат и гласот на реалноста – иако тоа не се случува многу често 🙂

    • Искрено, како тргнале работиве се почесто мислам дека и најосновната кулутра на интернет ќе стане премија (така да, веројатно уште си борец за среќен интернет, само на поинаков начин 🙂 Многу би сакала да има што повеќе од реалните тролови, а што помалку од тие, другите. Барем така би знаеле дека има некој кој се бори за подобрување на работите 🙂

      Фала многу за убавите зборови! Се надевам дека и понатаму ќе ти се допаѓа блогот 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: