Завиткајте ги новогодишните подароци со вашите твитови

Соработката на Samsung и Intel, носи весело новогодишно изненадување за сите страствени твитераши.

Овие две компании ја креираа кампањата Boosted, која нуди можност за креирање на хартија за завиткување на подароци, дизајнирана со сопствените твитови. Дизајнирањето е навистина едноставно. Се’ што треба да направите е да отидете на сајтот Tweet Wrap, да одберете позадина, и потоа да го впишете вашето корисничко име на Twitter. Твитовите ќе бидат генерирани од страна на системот, и многу брзо вметнати на веќе одбраната позадина. И со тоа, по само неколку клика дизајнот е готов. Потоа можете да го симнувате, објавите на Facebook или на Twitter.

Екстра придобивка за жителите на САД e можноста дизајните на првите 3000 твитераши да се испечатат, а потоа и бесплатно достават во нивните домови.

Како самото креирање на хартија за завиткување исполнета со сопствените мудрости да не е доволно, Samsung и Intel, организираат и наградна игра за корисниците кои ќе го прикачат својот дизајн на Facebook страницата Boosted. Главната награда е Samsung RF510 лаптоп, но за жал и оваа активност е ограничена само на жителите на САД. На нас ни останува да си ја дизајнираме својата новогодишна хартија, па можеби некој ќе се сети и ќе спакува некое лаптопче во неа.

Еве ја мојата новогодишна хартија, како изгледаат вашите? :)Еве ја мојата новогодишна хартија, како изгледаат вашите? 🙂

 

 

via Mashable

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: