Leo Burnett го носи онлајн адвертајзингот во реалноста

Веќе неколку пати досега спомнав дека во денешно време најдобар начин да се достигне успех во промовирањето на еден производ, услуга или компанија е да се поврзат офлајн и онлајн промотивни активности. На тој начин се допира до поширока публика, се зголемуваат можностите за интеракција, и истовремено се поврзува публиката со сите различни медиуми преку кои се спроведуваат кампањите. Се’ поголем тренд исто така станува пренесувањето на сите случувања од социјалните мрежи во реалноста.  Еден одличен пример за ваква кампања, е David on Demand на Leo Burnett.

Како една од најголемите светски маркетинг агенции кои се покажале и докажале во печатените медиуми и ТВ, за Leo Burnett беше помалку тешко да се оттргне од веќе стекнатиот имиџ на Mad Men, и да се докаже како агенција која има што да понуди и на полето на онлајн маркетингот.

Имајќи за цел да ја покаже способноста на Leo Burnett за „справување“ со социјалните мрежи, тие одлучија да креираат кампања која вистински ќе ги демонстрира функционирањето и моќта на социјалните медиуми. Судбината на еден човек ја ставија во рацете на неговите следбеници на Twitter и посетителите на сајтот www.davidondemand.com

Давид Перез сакаше да оди на адвертајзинг фестивалот во Кан, Leo Burnett се согласи да го прати под еден услов – да ги исполни сите желби што неговите следбеници на Twitter ќе ги твитнат. А желби имаше многу. Од чудесни фризури, до тетовирање на #fail китот, до летање со хеликоптер и многу многу други. Давид исполни точно 20.000 желби и во моментов е како што и самиот вели, на кратка пауза.

Исполнувањето на желбите се одвиваше во реално време, сите можеа да го следат во живо, на неговиот сајт постојано беа прикажувани неговите следни дестинации, а секако тој се чекираше на Foursquare од секоја моментална локација. Активно беа водени Twitter, Facebook и Youtube профили, и додека Давид ги исполнуваше сите желби, целиот свет можеше активно да го следи.

Резултатите беа неверојатни. Повеќе од 1 000 000 импресии на најразлични медиуми, повеќе од 3,5 милиони спомнувања на Twitter со следење од над 132 земји ширум светот,  и повеќе од 45,3% спомнување на адвертајзинг фестивалот во Кан. Целта на Leo Burnett беше постигната. И како што самиот Давид вели „можев да бидам постер, требаше да претставувам real-time адвертајзинг кој поврзува, наместо тоа, станав еден од најефикасните примери за овој тип на адвертајзинг.“

Погледнете дел од желбите кои ги исполни Давид на следниот линк:

или на веќе спомнатиот сајт www.davidondemand.com

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: