Повеќе од 1 милион фотографии на Foursquare

Само три недели по овозможувањето на прикачување на фотографии од iPhone и Android, Foursquare веќе може да се пофали со над 1 милион фотографии. Можеби во споредба со прикачените 750 милиони на Facebook само за време на новогодишниот викенд ова изгледа како мал број, но моќта на фотографиите на Foursquare барем според мене е далеку поголема. Не само што овие фотографии дополнително мотивираат посетување на локации и го прават чекирањето поинтересно, тие можат и да се искористат како одлична маркетинг алатка.

Мислењата на корисниците се најверодостојни, а воедно и најголеми фактори за поттикнување на идни посети, а убавите зборови (или во случајов фотографии) на задоволни корисници се џек пот за секоја компанија. Секоја нова фотографија на ентериерот/екстериерот на ресторанот или некој од неговите производи објавена на Foursquare од страна на еден задоволен посетител може да донесе илјадници нови посети.

Мислам дека нема потреба од објаснување на вредноста на оваа дополнителна опција, убаво си кажаа и самите Foursquare во твитот со кој го најавија надминувањето на бројката од милион фотографии.

Со оглед на тоа дека Facebook Places (кои во моментов изгледаат како најголема закана и за оваа опција и за Foursquare воопшто) се’ уште не се распространети во Македонија, оваа додатна опција има потенцијал да придонесе за малку поактивно користење на Foursquare и кај нас. Веќе докажавме и покажавме дека многу сакаме да се сликаме, па зошто да не го направиме тоа и надвор од купатилото? :))

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: