Прошетка низ историјата со Streetmuseum

Овој пост е само уште еден доказ дека без разлика дали се работи за музика, уметност или мода, од англичаните секогаш доаѓа нешто интересно и неочекувано. Со цел да ја зголемат посетеноста на Лондонскиот музеј и да го промовираат отворањето на неговите нови модерни галерии, агенцијата Brothers and Sisters организираше одлична дигитална кампања која успешно успеа да ги поврзе офлајн и онлајн светот.

Brothers and Sisters ја креираа апликацијата Streetmusem за iPhone која ги донесе колекциите на музејот на улиците на Лондон. Со вклучувањето на апликацијата пред корисникот се јавуваше Google мапа на која беа посебно означени регионите за кои музејот можеше да понуди повеќе информации. Со кликнување на означувачот, пред корисникот се отвораа серија на фотографии, слики и информации за одбраната локација. Со клик на 3D view, апликацијата ја препознаваше локацијата, и ја прикажува постарата фотографија/слика како дел од реалната локација.

Се разбира, по ваквата кампања успешните резултати не изостанаа. Посетеноста на музејот се зголеми за три пати, апликацијата беше симната повеќе од 125.000 пати, а позитивни коментари се проширија во најпознатите светски медиуми. Мене лично апликацијава премногу ми се допаѓа и искрено се надевам дека ќе се најде некој јунак да направи нешто вакво и за Скопје а и цела Македонија.

Погледнете повеќе на следните линкови:

 

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Tweets that mention Прошетка низ историјата со Streetmuseum « This is Not a Social Media Blog -- Topsy.com

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: