Да се едуцираме за социјалните мрежи

Веќе одамна е јасно дека едукација на тема социјални мрежи во Македонија е и повеќе од потребна. Со оглед на недостатокот на вклучување на оваа тематика во формалното образование, до пред неколку месеци доколку сакавме да научиме нешто повеќе, на нас беше оставено да се снаоѓаме преку следење на најновите објави на интернет, читање на странска литература (за жал скоро никогаш на македонски јазик), следење на два до три македонски сајтови кои меѓу другото ги обработуваа социјалните мрежи, или пак едноставно дискутирање со вљубеници во социјалните мрежи и споделување на искуства.

И сето тоа беше некако ок имајќи ја во предвид доскорешната ниска застапеност на социјалните мрежи во секојдневнието на македонците, без разлика дали за приватни или деловни цели.

Меѓутоа, минатата година беше остварен голем пресврт во односот на социјалните мрежи и македонците. Луѓето станаа луди по Facebook, а со новиот дизајн на Twitter и твитерашката дружина почна да се подотвора. И компаниите  ја согледаа моќта и можностите кои ги нудат социјалните мрежи, па и тие  започнаа со промотивни активности. Се оствари значаен пораст, најпрво во користењето на социјалните мрежи, а потоа и во разбирањето на нивниот реален потенцијал. Меѓутоа со толку згoлемено присуство на социјалните мрежи, неминовно беше да се јават лоши примери, тапа фејсбукчии, милион награди и никаква вредност, компании твитераши кои си отвораат профили само за да ги има на Twitter…

Оттука произлезе огромната потреба за едукација и информирање на корисниците за правилниот начин за пристапување на социјалните мрежи. И покрај тоа што ситуацијата се уште не е најсјана, мило ми е што можам да кажам дека конечно започнуваат да се прават малку поинтензивни напори и во однос на едукацијата.

За да започнам да размислувам на оваа тема, освен секојдневното незадоволство од недостатокот на поголем број на македонски информатори и многуте средби со лоши примери на користење на социјални мрежи, ме поттикна и промотивната порака на СS Global и нивната најава на обуката „Социјалните мрежи како алатка за корпоративен развој, заработка и регрутација на вработени.“ Многу наскоро потоа на Тwitter ја сретнав и објавата за обуката ITC насловена како „Интернет Маркетинг“, која како свои цели ги има најавено воведувањето во светот на социјалните медиуми, прикажување на бизнис бенефитите од присуство на Faceboоk, професионално менаџирање со Facebook страница и сл.

Многу се израдував кога видов дека и нашите HR компании полека започнуваат во својот фокус да ги поставуваат социјалните мрежи и да го препорачуваат нивното вклучување во секојдневното функционирање на компаниите. Тоа укажува  дека полека се прифаќа неопходноста за едуцирање на оваа тематика, и почнуваат да се прават конкретни чекори кон креирање на база на знаења. Искрено се надевам дека во текот на оваа година ќе наидам на уште многу повеќе обуки, семинари кои ќе се занимаваат со социјалните медиуми.

Овој пост е само најава на серијата на постови посветени на едукацијата за социјалните мрежи во Македонија преку кои ќе се обидам на сите заинтересирани за социјалните мрежи да им обезбедам што повеќе ресурси од нашето поднебје. Се надевам дека заедно ќе успееме да собереме што повеќе материјали и ќе успееме неформалното едуцирање за социјалните мрежи да го издигнеме на што повисоко ниво.

За крај на овој прв пост посветен на едукацијата, би ви препорачала да ги посетите двете претходно спомнати обуки. Обуката „Социјалните мрежи како алатка за корпоративен развој, заработка и регрутација на вработени“ во организација на CS Global ќе се одржи на 27 Јануари, повеќе информации за целиот настан можете да добиете на овој линк. За учество на обуката покрај пополнување на формуларот за учество, потребна е и уплата во износ од 4900 ден. без ДДВ. За обуката на „Интернет Маркетинг“ можете да најдете повеќе информации на овој линк, најавата е дека обуката ќе се одржи во Јануари но се уште нема објавено конкретна дата. И покрај обидите да добијам повеќе информации околу предавањата за жал не добив одговор од ITC, се надевам дека наскоро ќе се објават повеќе податоци за условите за присуство како и точна временска рамка.

Се надевам дека ќе се чувствувате слободно да го искористите просторот на овој блог или на Faceboоk и Twitter профилите, да го споделувате своето знаење, а воедно и да пишете за што би сакале да знаете повеќе 🙂 This could be the beginning of a beautiful friendship… 😉

 

Advertisements

4 comments

  1. Најавата за обуката на ИТЦ вика дека е направена во јуни 2010. А и насловот некако не ми соодветсвува со приложената програма.

    Ниту една од обуките не кажува кој тоа ќе ги држи. Со кое искуство и експертиза.

    Едукација Да. И ние (јас) го правам тоа веќе со години и токму на овие теми. Но мора да се има на ум и квалитетот а не само да се следат buzz зборовите и да се прават програми кои звучат добро на хартија.

    Патем за едукацијата грешиш малку, има неколку различни програми кои се обидуваат да ја подобрат ситуацијата во образовнит процес. Не е ништо спектакуларно но има иницијативи и проекти и настани и обуки и сл.

    • Iva

      Идејата ми беше да прикажам дека започнува да се прави нешто, за квалитетот или искуството на предавачите никаде не спомнав бидејќи за жал не ги добив тие информации од компаниите, иако ги побарав.

      Верувам дека постојат и други иницијативи, но се плашам дека тие се оставени за некои затворени кругови. Можеби грешам, и се работи чисто за моја недоволна информираност, но можеби и реално постои недостаток на промоција на ваквите активности и за пошироката јавност.

      Во секој случај, супер е што се интензивира едуцирањето. Со време сигурно ќе се оддели тоа што е квалитетно од тоа што го предаваат самопрогласени social media експерти.

  2. dr.agan

    Mislam deka postov e naiven nacin da se izreklamira nekoja si kvazi obuka…
    Pa uste i cena ima ccc sleden pat moze i agendata da se prikaci onaka megjuredovi…

    • Iva

      Намерата со постов ми беше да ги промовирам овие две можности кои ги најдов на нет, не се работи за никакви платени реклами или нешто такво. Како што веќе спомнав во коментарот погоре, за квалитетот на обуката не коментирам бидејќи немам доволно информации. Поентата ми беше да прикажам дека сепак се започнува со поинтензивни напори за едуцирање на оваа тема, а кога веќе нешто такво се случува, зошто да не се сподели?

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: