Новите Facebook страници

Facebook конечно ги лансираше новите страници. Да се каже редизајнирани ми изгледа премалку, бидејќи овие страници добија многу промени, не само дизајнот туку и во постојните функционалности. Еве накратко како изгледаат изменетите Facebook страници.

Прва воочлива разлика е новиот изглед , кој сега многу повеќе личи на стандардниот кориснички профил. Таб-овите повеќе не се поставени централно на горниот дел на страницата (што веројатно ќе направи големи проблеми на многу наградни игри, барем кај нас), навигацијата на страницата е префрлена под профил фотографијата, а на врвот на страницата се истакнати основните информации за страницата и петте последни објавени фотографии. Фановите на страницата веќе не може да ги види секој, прикажана е само бројката на фанови, и листа на пријателите на корисникот кои ја лајкнале страницата. Само администраторот може да ги види сите фанови со линкови до нивните профили.

Покрај овие очигледни разлики, направени се и големи промени во самото раководење со страниците. Многу интересна е опцијата за логирање на Facebook како страница. Администраторот на страницата може да се одлучи да се логира како страницата и да комуницира во нејзино име.

Ваквото логирање нуди голем број на поволности за администраторот: може да добива нотификации за секој коментар/лајк/фотографија прикачена на ѕидот, а воедно и да одреди дали сака да добива нотификации за овие активности и на својот mail (функционалност која навистина недостасуваше досега); да коментира во име на страницата на други страници; или пак да ги следи активностите на страниците кои ги има лајкнато, преку сопствениот news feed.

Овие промени донесоа значајни олеснувања за работата на администраторите, и јасно ги оддели нивните лични профили од страниците кои ги водат. Мое мислење е дека новиот концепт на страниците е доста корисен и во голема мера ќе го олесни администрирањето.

И покрај ова кратко претставување останува уште да се истражуваат новите опции, сигурна сум дека секојдневно ќе се открива по нешто ново. Сега за сега, ни останува полека да започнеме да се приспособуваме на новите функционалности, и да го очекуваме следното големо нешто од Facebook.

И како за крај, една опција која сигурно ќе израдува многу админи. Конечно можете да коментирате на страницата која ја водите од вашиот личен профил 🙂 До оваа опција лесно се пристигнува преку Edit Page > Your Settings > Posting Preferences.

Advertisements

3 comments

  1. Pingback: Tweets that mention Новите Facebook страници « This is Not a Social Media Blog -- Topsy.com

  2. Facebook se poveke se fokusira kon korisnicite sto mrezata ja koristat za biznis celi. Osven sto agresivno rabotat na toa da biznisite gi sinhroniziraat nivnite web strani so FB aplikacii ili fanpage, istoto vo zatisje go pravat za celosno da gi prefrlaat vo FB.
    So drugi zborovi, Facebook saka da stane samiot Web, t.e. sve sto po stoi na web, celosno da go nudi vo svojata platforma.

    • Iva

      Комплетно се согласувам, засега им оди многу добро привлекувањето и задржувањето на бизнисите. Дефинитивно се повеќе стануваат зависни од Facebook, па нема ни да ме изненади ако некој ден решат да воведат и плаќање за некои од опциите.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: