Coca Cola хуманитарни акции преку социјални медиуми

Coca Cola отсекогаш била компанија предводник во адвертајзингот. Не верувам дека постои човек кој не погледнал барем една Coca Cola реклама на телевизија, не видел брендиран камион или пак сталажа за пијалоци. Се чини дека оваа компанија полека започнува да владее и со светот на социјалните медиуми, повторно креативно и интересно како и во офлајн водите. По Coca Cola кампот кој беше претставен во еден од моите претходни постови, и стандардното одржување на корпоративните профили на многу социјални медиуми, оваа компанија сега се реши да спроведе две хуманитарни акции токму преку најпосетуваните онлајн локации во моментот – социјалните мрежи.

Првата акција ќе биде спроведена овој викенд, кога заедно со Coca Cola, бендот Maroon 5 ќе создаде нова песна заедно со своите фанови од целиот свет. Сите фанови на пијалокот и групата се поканети да се придружат во компонирањето на 22 март, преку следење на live stream-от на овој линк: http://CokeURL.com/skyh

Фановите ќе можат да учествуваат во креирањето на текстот на песната, ритамот или пак да даваат свои предлози како таа треба да звучи, со други зборови, секој од нив ќе има шанса да го даде својот придонес на новата песна на Maroon 5. Coca Cola го најавува овој настан како историска 24 часовна музичка сесија, и ги поканува сите да се придружат на настанот и да станат дел од историјата. Повеќе инфо за настанот најдете на официјалниот Facebook event.

Втората хуманитарна акција е посветена на Африка, и обезбедување чиста вода за пиење за нејзините жители. Повторно во соработка со големи светски ѕвезди – Chris Taylor, Solange Knowles и Twin Shadow, со помош на социјалните медиуми, Coca Cola прави големо хуманитарно дело. Трите ѕвезди се согласија да снимат песна специјално за оваа пригода, а за да се  download-ира песната, потребно е да се даде симболична донација за Африка. Кампањата има за цел собирање на 10.000$ кои ќе бидат целосно наменети за обезбедување на чиста вода за пиење на оние на кои им е најмногу потребна. Сите заинтересирани можат да го дадат својот придонес на овој линк: http://www.musicforrain.net/

Ова е навистина добар начин да се искористат социјалните мрежи за нешто повеќе од само лична или корпоративна промоција. Се надевам дека и некоја од нашите компании ќе се нафати на таков чекор, и ќе реши да ги искористи социјалните мрежи за да направи некаков поголем придонес од само своја лична корист или добивка.

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: