Од срце

Ова е малку нетипичен пост за мене, но има голема причина за тоа. Постојано пишувам за неизмерната моќ на социјалните медиуми, а овој пат би сакала да ви прикажам еден пример преку кој се обидовме да ја искористиме таа моќ за поголемо добро и нешто повеќе од лични интереси или профит. Се надевам дека постов нема да го сфатите како моја желба за лична промоција, покажување и докажување, туку ќе се осврнете на големата слика зад оваа „акција“.

Сите сме за жал веќе запознаени со катастрофите кои ја погодија Јапонија во изминативе неколку денови. Социјалните мрежи полека станаа наше главно средство за информирање, и за среќа или несреќа ни овозможија да ги следиме случувањата скоро инстантно. Но дали е тоа се’ за што социјалните мрежи можea и се уште можат да се искористат во ситуација како оваа? Искрено се надевам дека не е.

Со Калина и Тино одлучивме да го дадеме нашиот придонес за промоција на настанот „Срце за Јапонија“ кој ни се допадна без да бидеме на било каков начин директно поврзани со негова организација. Започнавме со лепење на QR кодови кои содржеа јапонски изреки, цитати, и линк до Facebook event-от на „Срце за Јапонија“ на градбите на Кензо Танге во Скопје. Ги фотографиравме и ги поставивме на Flickr и на Tumblr, и се обидовме да ги вклучиме социјалните мрежи во активност поголема од само пренесување на вести.

Tumblog-от го креиравме вчера (22.03), и иако е доста краток временски период се надеваме дека ќе успееме да привлечеме што повеќе луѓе а со тоа и да ги поттикнеме да го посетат овој настан.


Засега не можам да пишувам за ефектите на оваа акција и колку таа успеала да промени, како што тоа вообичаено го правев во постовите досега. Се надевам дека во некој следен пост ќе можам задоволно да се пофалам со аналитиката на Tumblog-от и сумата која била испратена во Јапонија. Засега само ви ги праќам линковите: http://srcezajaponija.tumblr.com/ и http://bit.ly/e4ZXWs за да ги разгледате, и доколку сакате, споделите. Социјалните мрежи сепак ги прават луѓето, а не склопот на кодови 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: