Промовирање преку социјални медиуми?

Зошто да се промовирате преку социјални медиуми? Причини има многу, но еве само неколку од најважните…

1. Директен и лесен пристап до целната публика

Социјалните медиуми нудат уникатна можност за започнување на конверзација со милиони корисници ширум целиот свет. На секоја компанија потенцијалните потрошувачии и се на дофат на рака, денес сите се на интернет, и повеќето на социјалните мрежи. Сѐ што треба една компанија да направи е да го одбере вистинскиот пристап и да започне разговор со својата целна публика.

2. Прецизно таргетирање на целната публикa

Преку овие медиуми се добива пристап до детални информации за целната публика на најразлични типови на компании. Таргетирањето до најмали детали е овозможено на голем број на социјални мрежи, особено на платформата на Фејсбук каде покрај според стандардните демографски карактеристики, корисниците се таргетираат и според нивните преференции, теми и слични производи кои им се допаѓаат.

3. Минимална финансиска инвестицијa

Во споредба со традиционалните медиуми, промовирањето преку социјални медиуми бара многу помало вложување на финансиски средства. Воедно, вложувањето во промовирање преку социјални медиуми во најголем број на случаи е по принцип на наддавање, што значи дека компанијата може сама да одлучи колкава сума е подготвена да оддели во моментот, и на тој начин самата да ја одреди висината на финансискиот влог.

4. Експресно ширење на пораката

Со сѐ поголемиот број на корисници кои се приклучуваат на социјалните медиуми секојдневно, праќањето на пораки и нивното ширење, станува навистина експресно. Доколку на еден корисник некоја информација му се допадне, тој ќе ја сподели со сите со кои е поврзан на некоја социјална мрежа. Од тие корисници ќе се најде уште некој на кој таа информација ќе му изгледа интересно, и тој ќе постапи исто како и претходниот, ќе ја сподели на социјалната мрежа. Овој домино ефект придонесува за инстантно споделување на информации, што доколку се работи за промотивна активност на една компанија, може да и донесе огромна добивка.

5. Континуирана повратна информација

Без разлика на времето, денот, годишната сезона во која се пласира една информација, неизбежно е дека преку социјалните медиуми таа информација ќе добие фидбек од публиката која ја проследила. Во поглед на промотивните активности, неоспорно е дека вакви информации се неопходни и премногу корисни за идно планирање на промотивните активности и работењето на една компанија. Тие можат да се искористат како еден вид на истражување на пазарот, од кое наместо бројки и груби проценти се добиваат информации директно од публиката на која и се обраќаме што во споредба со претходно спроведените истражувања има многу повисок степен на валидност и реалност.

Неоспорен факт е дека придобивките за промовирање преку социјалните медиуми се многубројни. Со постојаниот развој на овие комуникациски платформи, бројот и досегот на придобивките рапидно се зголемува.

Сепак, мора да се напомне дека овие придобивки се достигнуваат само со правилно користење на социјалните медиуми и внимателно раководење со корпоративните профили. Не секоја компанија може да ги достигне овие бенефити само со објавување на свој профил на Фејсбук или Твитер. Потребно е опсежно планирање, организирање на активности и нивно спроведување за овие можности да можат во целост да го исполнат својот потенцијал и да станат бенефити за една компанија.

 

 

***Текстот е извадок од мојата магистерска теза со наслов „План за развој на промотивна стратегија преку социјални медиуми“

Advertisements

4 comments

  1. Промовирање…. ако мене ме прашуваш е комплетно погрешен пристап 🙂

    😉

    • Iva

      Се согласувам, тоа би била многу поправилна формулација. Поентата е задржана и покрај тоа што стои промоција како термин, си имав мнооогу маки со македонска терминологија во тезава…Во секој случај, point taken 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: