Вистинската љубов на Tiffany & Co.

Светски познатиот ланец на продавници за накит Tiffany & Co, започна интересна кампања насловена „Што ја прави љубовта вистинска“. Специјално за целите на онлајн кампањата се развиени веб сајт и iPhone апликација, кои од Tiffany & Co. ги нарекуваат локации наменети за вљубените.

Сајтот и апликацијата се креирани околу концептот на вистинска љубов која кога ќе започне, нема крај. Тие содржат голем број на фотографии од среќни парови и приказни како тие се запознале и кој бил клучниот момент во сфатиле дека се еден за друг, плејлиста со романтични песни, предлози за интимни вечери, па дури и совети како да се зајакне една врска или како да се усреќи партнерот.

Сајтот содржи и интерактивна компонента, на посетителите им се дава можност на специјално развиена мапа да ги обележат нивните романтични локации во Њујорк, и да споделат со целиот свет каде тие ги поминале своите големи романтични моменти. Посебно интересен е и краткиот филм режиран од страна на Edward Burns во кој се прикажани шест пара кои ги раскажуваат своите заеднички приказни. Филмот е снимен специјално за потребите на Tiffany & Co.

Компанијата преку оваа кампања се позиционира како експерт на полето на љубовта, па така на повеќе наврати низ апликацијата и сајтот суптилно ги препорачува своите производи како нешто што  ќе ги зацврсти врските, земајќи го накитот како неизоставен подарок кај вљубените.

Поврзувањето на брендот со толку силна емоција дефинитивно ќе придонесе за уште поголема приврзаност од страна на вљубените, но мораме да се запрашаме колку оваа кампања ќе допре до потенцијалните клиенти кои се се’ уште во потрага по вистинската љубов.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: