iPad на глава продава списанија?

Агенцијата Thinkmodo изработи интересно вирално видео за промоција на iPad верзијата на списанието Cosmo for Guys, машка верзија на светски познатиот магазин за жени, Cosmopolitan. Cosmo for Guys беше промовирано преку девојка која се шета низ Брајант Парк во Њујорк, носејќи на својата глава склоп од четири iPad-и, кои го покажуваат нејзиниот лик.

Видеото е направено да изгледа како герила маркетинг активност, повеќето посетители на паркот кои поминуваат покрај iPad девојката само зачудено ја гледаат, но на крајот се појавува човек кој со допир на екранот успева да прочита што се крие на iPad-ите, ново издание на Cosmo for Guys. Не знам како би реагирале доколку кај нас се појави некој со еден куп iPad-и на глава, но мора да се признае дека Apple во соработка со Cosmo for Guys повторно успеа да понуди необично решение за кое многу ќе се зборува.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: