Храбра кампања на Domino’s Pizza

Domino’s Pizza минатата година се соочуваше со многу негативни критики за квалитетот на нивната услуга и производи. За да ја промени лошата перцепција за брендот која се оформи изминатиов период, Domino’s неодамна започна интензивна кампања насловена „Oh, yes we did!“.

Кампањата преку веб сајтот за нарачки ги води купувачите на Domino’s низ комплетниот процес на правење на нивните пици (се објавуваат дури и имињата на готвачите кои ги подготвуваат), нивната испорака, за на крај по добивањето на нивната пица да им се даде можност да го остават својот фидбек ни помалку ни повеќе туку на огромен екран сместен на Times Square.

Според претставници на Domino’s, целта на кампањата е поголемо запознавање на корисниците со работењето на Domino’s како и вклучување на фидбекот на купувачите во работењето на компанијата. Сепак, тоа што е најспецифично за оваа кампања не е големото ниво на инволвираност на купувачите во работењето на компанијата, туку храброста на Domino’s да дозволи на Times Square (а паралелно и на веб сајтот на Domino’s) да се прикажуваат нефилтрирани коментари од страна на купувачите. Се отстрануваат само пцовки или погрдни зборови, но се објавуваат коментари од незадоволни купувачи, лоши критики и слично.

Ова е дефинитивно голем потег во промовирањето преку социјални медиуми, не само поради храброста на оваа компанија која се бори со лоша репутација, туку и поради издигнување на отворениот контакт со целната публика на уште повисоко ниво. Да се надеваме дека и нашите компании ќе учат од овој пример и ќе соберат храброст конечно да престанат да ги бришат или игнорираат коментарите на незадоволните потрошувачи. Социјалните медиуми сепак не се само место за фалење и промвирање, туку канал за комуникација кој треба да се искористи во секоја можна ситуација.

Advertisements

2 comments

  1. Браво за храброста и транспарентноста. Дефинитивно потег во права насока за враќање на изгубената доверба кај клиентите.

    Ова само докажува дека комапниите мораат да почнат да слушаат и да се вклучат во комуникација!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: