Water.org го дава својот Twitter профил на користење

Организацијата Water.org, одлучи да го даде на користење својот Twitter профил на победникот на натпреварот “Twakeover” кој e моментално во тек. Победникот ќе има можност да го води овој профил од 5ти до 11ти септември годинава, а за да ја добие оваа привилегија ќе треба да ги убеди твитерашите и претставниците на Watеr.org дека е најсоодветниот кандидат за оваа одговорна позиција.

За да учествувате во “Twakeover” потребно е да го следите Twitter профилот на Water.org, @water, и да се пријавите на натпреварот преку овој линк. Тука покрај поврзување со вашиот Twitter профил, ќе биде потребно во 100 карактери да образложите зошто вие сметате дека сте вистинскиот човек за tweetEO на @water.

Mike McCamon, претставник на Water за Mashable вели дека целта на организацијата отсекогаш била да ги поттикнува луѓето да прават позитивни промени во светот, па така овој прилично храбар потег на социјалните мрежи го сметаат како логично продолжување на оваа мисија.

Water.org сепак ќе врши делумна контрола на управувањето со страницата, твитовите кои победникот на натпреварот ќе ги објавува најпрво ќе одат на одобрување во Water.org, но тие ветуваат дека ќе ги забрануваат само твитовите со навредлива содржина или оние со пораки за лична промоција, сите останати пораки нема да бидат уредувани или менувани на било каков начин.

Имајќи во предвид дека @water во моментов има повеќе од 430.000 следбеници на Twitter и покрај тоа организацијата превзема ваква акција, мора да се признае дека имаат многу доверба во своите фанови. Останува да видиме дали таа доверба ќе биде оправдана 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: