Nero со креативна промоција на албум

Англиското дабстеп дуо Nero докажа дека не владее само со светските топ листи, туку одлично се снаоѓа и во светот на социјалните мрежи. За промоцијата на својот деби албум „Welcome to Reality“ тие најдоа креативен начин да ги искористат социјалните мрежи, а особено внимание му посветија на Facebook. Наместо едноставното поставување на траклиста со песните од албумот и овозможување на вообичаеното преслушување, одлучија својот албум да го промовираат преку Facebook игра.

Идејата на играта е да овозможи невообичаено преслушување на дел од албумот, а постапката за преслушување е навистина едноставна. На самиот почеток при одбирањето на играчот и нивото на играта, се одбира и песна на Nero која би сакале да свири „во позадина“ додека играте. Енергичните песни на дуото совршено се поклопуваат со текот на играта, додаваат на интензитет и скришно навлегуваат во потсвеста на слушателот/играчот. При играњето на панелот на играта постојано се прикажуваат линкови кои водат до сајтовите на кои се продава албумот. Не само што на овој начин се овозможува лесно повторно преслушување на албумот  и негово купување, туку и се осигурува редовна посетеност на Facebook страницата која ќе биде од големо значење за идните промотивни активности.

Се уште не се објавени статистики за колку Facebook корисници ја испробале оваа игра, но доколку судиме по коментарите оставени на табот на самата игра, Nero дефинитивно ја нашле добитната комбинација. Испробајте ја и вие играта и изнаслушајте се добра музика на овој линк 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: