Следењето на Facebook страниците стана многу полесно

Благодарение на се’ поголемата популарност на Facebook во  Македонија, бизнис аспектот на оваа  социјална мрежа веќе започна да се согледува и со тоа се направија првите чекори кон професионално работење  на Facebook. Иако во овој поглед се’ уште сме многу поназад од светот, па дури и од  нашите соседи, сепак за пофалба е што конечно фирмите започнаа малку по  малку да прифаќаат дека им е потребно онлајн присуство, и дека постојат  луѓе (и агенции) кои можат да им помогнат во тоа. Првиот чекор кон  пристапување на социјалните медиуми е направен, но по него веднаш  следува неминовното прашање: Како јас ќе знам дека тоа што го правите за  мене е ефикасно и ќе ми донесе резултати?

Хрватската компанија iStudio понуди одговор на ова прашање преку новиот проект наречен Socialnumbers. Овој проект е всушност надградување на drustvenimediji.com на iStudio, веб сајт кој прикажуваше статистики и рангирање на најпопуларните Facebook страници во Хрватска, кој своето македонско издание го доби преку socijalnimediumi.com.

Идејата на Socialnumbers е на едно место да ги комбинира сите Facebook статистики кои се важи при водењето на една страница, па така на оваа платформа можете да најдете информации за: најдобрите страници според број на фанови или според квалитет на интеракции, рангирање на страниците според дневниот и неделниот раст, како и рангирање на агенциите кои се занимаваат со Facebook маркетинг. Socialnumbers.com е засега достапен во Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Австрија, а наскоро ќе биде промовиран и на европско ниво. Скоро од секоја од овие земји iStudio соработува со локален партнер, во нашиот случај тоа е агенцијата Nova Solutions. Добрата страна на оваа географска распространетост е тоа што може да се врши споредба на квалитетот на страниците од различни региони, но и да се следи конкуренцијата само на национално ниво.

Мене особено ми се допадна опцијата за проверка на квалитетот на Facebook страниците кои ги водам, каде што само со пишување на името на страницата, без праќање mailови или поопширни информации, се добива кратка анализа на последните објавени статуси, бројот на фанови и интеракции. Иако македонската верзија не е комплетно преведена како што треба, сепак со мали промени мислам дека ова ќе стане супер алатка за следење на работењето на Facebook страниците.

Покрај анализата на Facebook страници, во Socialnumbers е делумно вклучен и уште еден проект на iStudio, mediatoolkit. iStudio го опишуваат mediatoolkit како алатка за анализа на веб сајтови која одредува кои содржини се или ќе бидат популарни во блиска иднина. Оваа алатка е вградена во Socialnumbers преку можноста за следење на најсподелуваните веб страни, каде што македонските сајтови се рангираат според тоа колку пати се споделувани нивните содржини. Socialnumbers со интегрирањето на споделувањата на и вон Facebook, нуди комплетна слика за објавите на секој бренд, со што пружа одлична основа за анализа на направеното и планирање на идните чекори.

Кога веќе се спомнува мерење на раст и развој на Facebook страниците, морам да нагласам  дека постои и комплетно македонски производ од оваа област, платформа развиена од страна на интернет маркетинг агенцијата ИМАМ. Оваа платформа овозможува следење на најлајкнуваните, најинтерактивните, и страниците со најголем пораст на дневно и неделно ниво на територијата на Македонија.

И покрај тоа што профитот и офлајн работењето како резултат на онлајн напорите според мене секогаш ќе останат најдобрите индикатори за успешното работење на еден бренд на социјалните медиуми, овие платформи може да станат корисни средства за следење на развојот на страниците и планирање на идните објави.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: