Билборд за математичари

Уште едно интересно решение за билборд неодамна се појави на улиците на Њујорк. Непознати промотери го поставија билбордот во форма на табла за пишување и започнаа на него да испишуваат математичка равенка. Во првите 5 дена од поставувањето на билбордот немаше никакви информации за што се работи, кој го закупил билбордот или кое е решението на равенката. Единствено што беше поставено на билбордот покрај равенката беше слоганот: „Solutionism. The new optimism“.

Многу бргу по поставувањето на овој билборд маркетерите од целиот свет започнаа да се обидуваат да го најдат неговото решение. Иако Google имаше камапања за вработување на инженери со сличен концепт (поставување на билборд со равенка), сепак ова не наликуваше на нивно дело. Првиот чекор кон разотркивањето на приказната беше направен со откривањето на сајтот http://giantchalkboard.com/

Овој сајт набргу стана многу посетена локација каде малку по малку се разоткриваше приказната на билбордот. Предлози за решенија на равенката, дискусии околу самата равенка и зошто таа е поставена и фотографии од секој нов дел од равенката беа споделувани на овој сајт од корисници од целиот свет кои во тој момент се нашле во Њујорк или го посетиле сајтот.

Решението на огромната табла беше откриено вчера, на 24ти септември. Бројот кој сите со нетрпение го чекаа беше 7 милијарди. 7 милијарди жители од целиот свет, секој од нас всушност беше решението на равенката. Целта на оваа равенка беше да прикаже колкава моќ можат да имаат луѓето со науката. Авторите на билбордот во својот последен пост во кој го обелоденија решението на равенката велат:

7 милијардитиот член на светската популација ќе се роди на крајот на овој месец, ајде да го прославиме и запомниме ова заедно, елементите на науката и луѓето можат да решат се’. Тоа е солуционизам. Новиот оптимизам.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: