Дигитална мода во Њујорк

Модата и технологијата отсекогаш оделе рака под рака, а според Washington Post овогодинешната модна недела во Њујорк е вистински доказ дека луѓето од модната индустрија многу добро разбираат дека е потребно таа да се пренесе и на интернет.

Њујоркшката модна недела за прв пат во историјата на модата дозволи луксузот на модните писти да се пренесе во секој дом, насекаде на светот. Покрај тоа што самата модна недела беше пренесувана во живо преку Live Stream, самите дизајнери и нивните брендови придонесоа уште повеќе да се рашири приказната на модата во Њујорк на интернет. Еве неколку од најинтересните кампањи.

Дизајнерот Oscar De La Renta, кој е веќе добро познат по своите промотивни активности на социјалните медиуми, продолжи со освојување на вебот преку креирање на Tumblr логот odlrlive.tumblr.com Овој лог ги прикажуваше сите фотографии кои беа прикачувани на Tumblr и го содржеа хаштагот #odlrlive, во реално време. Фотографиите беа прикачувани од страна на блогери, уредници, па дури и некои од моделите, со што се формираше огромна база на податоци за оваа колекција.

Магазинот Paper ја искористи модната недела за промовирање на социјалните мрежи преку поврзување со дизајнерот Steve Madden. Уредникот на Paper доби пристап до Facebook страницата на Madden, и постојано прикачуваше интересни фотографии и видеа снимени зад сцената на модната недела.

Една од најспомнуваните кампањи беше заедничката кампања на Missoni и Target, како најава за нивната соработка на заедничка модна линија.

Тие на модната недела донесоа огромна кукла по име Марина која беше претставена како нивен модел кој на секоја нова локација „носеше“ нивни модели и постојано споделуваше новости на нејзиниот Tumblr лог и Twitter профил marinawithstyle. Марина стана вистински хит, огромната кукла го одземаше вниманието на посетителите на секој чекор, а нејзиното прво појавување на модната недела стана вирално само неколку минути по официјалното претставување.

Ако се суди според креативноста на овие кампањи можеме со сигурност да кажеме дека поминала одлична недела на модата во Њујорк, се надевам дека ќе следуваат уште многу вакви интересни кампањи од светот на модата.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: