Борбата на Estee Lauder против ракот на дојка

Како и минатата година така и оваа, во октомври, месецот на борба против рак на дојка, започнуваат интересни кампањи со добра цел. Оваа година, компанијата Estee Lauder, која се смета и за почетник на една од поголемите кампањи против оваа болест и измислување на розовата панделка, одлучи да го соедини целиот свет во оваа борба.

Нормално, најлесен начин да го направи тоа е преку социјалните мрежи па така покрај пропратните офлајн активности, Estee Lauder започнаа кампања на Facebook, отворија Twitter профил и нов веб сајт. Најинтересна според мене е Facebook апликацијата направена специјално за оваа кампања. Целта на апликацијата е да се спојат пораките против оваа ужасна болест на едно место, да се даде поддршка за болните како и да се зголеми свесноста за редовни прегледи како начин на рано откривање на болеста.

Апликацијата е прикажана преку голема мапа на светот, а секој Facebook корисник преку активирање на апликацијата добива прилика да остави порака на поддршка. При пишувањето на пораката се потврдува и локацијата на корисникот. Со секоја објавена порака, на големата мапа се прикажува розова точка од локацијата на праќачот на пораката. Идејата е што поскоро целата слика да се обои со розови точки на поддршка.

Можеби едноставна на прв поглед, оваа кампања носи силна порака која ги обедини корисниците ширум светот. Се надевам дека наскоро ќе можеме да видиме ваква убава кампања и од некоја домашна компанија. Дотогаш, ајде да ја обоиме Македонија во розово, https://apps.facebook.com/esteebcaen/ 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: