LinkedIn им овозможи на компаниите да објавуваат статуси

На денешниот Connect:11 настан во Њујорк, LinkedIn објави низа на промени кои во голема мера ќе го засилат промотивниот аспект на мрежата. Засега најголемата вест е можноста компаниите да објавуваат свои статуси на корпоративните профили. Објавувањето на статусите ќе можат да го вршат администраторите на профилите, и тие ќе можат да вклучуваат новости за нивното работење, видеа, линкови и слично. Статусите ќе се прикажуваат на сите корисници кои ќе ја следат компанијата преку Follow копчето. Имајќи во предвид дека досега работењето на профилите на компаниите во голема мера беше финансиски ограничено, овој новитет во огромна мера ќе ја зголеми можноста за комуникација на корисниците со компаниите преку оваа професионална платформа.

Уште еден новитет е развојот на програма за девелопери, која всушност ќе претставува мрежа на девелопери кои ќе го помагаат работењето на маркетерите, агенциите и компаниите, и нивното поврзување со целната публика. Помошта во главно ќе се состои од поддршка за развивање на  уникатни апликации, алатки за аналитика, како и кампањи со детално таргетирање. Партнери на овие измени на LinkedIn се Buddy Media, HootSuite и Wildfire.

„Веруваме дека ова е неверојатно значаен период во светот на онлајн адвертајзингот. Ова е периодот на собирање на следбеници.“ вели Mike Gamson, одговорен за глобална продажба на LinkedIn. „Следната година и половина, брендовите ширум светот ќе инвестираат во нивните следбеници и бази на фанови. Тие кои нема да направат напори сега, ќе имаат големи загуби во иднина.“

LinkedIn дефинитивно многу добро ги согледа можностите за иден развој преку онлајн промовирање, и верувам дека не’ очекуваат уште многу позитивни измени на оваа платформа. Во моментов се’ уште не се овозможени најавените опции, но се надевам дека наскоро и нашите брендови ќе започнат да комуницираат преку оваа платформа.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: