Колку се зборува за петте најпопуларни македонски брендови на Facebook?

Facebook неодамна кај страниците ја воведе опцијата People talking about која на корисниците им дава информации за бројот на лајкови, споделувања на постови, коментари, check-ins, тагови и на фотографии, или на кратко речено секаков тип на интеракција направен со страницата. Оваа опција всушност треба да даде нова слика за популарноста на брендовите, која ќе направи разлика помеѓу бренд кој има многу лајкови (или по старо фанови) и бренд со голема интеракција со публиката.

Неодамна Мashable направи споредба на најпопуларните 10 бренда на Facebook во однос на бројот на лајкови, и интеракции измерени преку people talking about. Резултатите беа изненадувачки, најпопуларните 10 брендови не беа и „најозборуваните“ 10, меѓутоа сепак гигантите Coca Cola и Starbucks, цврсто ги држеа водечките позиции и во двете категории.

Кај нас пак, состојбата е за жал уште полоша. Од петте најлајкнувани брендови на Facebook (според статистиката на socialnumbers), ниту еден не се наоѓа во најспомнуваните од страна на Facebook корисниците.

Страници според број на лајкови (фанови)

 

Страници според интеракции (people talking about)

Дали ова се должи на рапидните зголемувања на фанови повлечени од разни наградни игри и апликации, или едноставно лошо управување со содржините останува да видиме во иднина, сега кога веќе ја имаме оваа мерка за интеракции и комуникација на страниците. Се надевам дека people talking about ќе придонесе да се обрне малку повеќе внимание на содржините кои се објавуваат и да се зголеми квалитетот на водење на Facebook страниците и кај нас 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: