Уметник црта портрети преку Twitter

Британскиот уметник Greg Burney најде одличен начин да се промовира себе си и својата уметност преку Twitter. Отворајќи го својот профил, тој вети дека на првите 3.000 следбеници (followers) на Twitter кој ќе започнат да го следат до14ти ноември рачно ќе им нацрта нивни портрети и ќе им ги прати преку твит. Проектот тој го нарече #drawmyfollowers ветувајќи дека ќе ги нацрта ама баш сите 3.000 следбеници, иако ќе биде потребно малку повеќе време.

Во моментов тој има 5.187 следбеници, а веќе има нацртано повеќе од 300 портрети. Како што вели и самиот „ни на крај памет не ми беше дека овој проект ќе започне да се шири толку бргу.“ Реакциите на твитер публиката се неверојатни, покрај многуте заблагодарувања и ретвитови на неговите дела, некои од нив и цртаат портрети на Greg и ги праќаат на неговиот профил во знак на благодарност.

Истиот уметник пред некое време го заврши проектот Drawing Chat Roulette, каде што црташе портрети на сите со кои ќе се „сретне“ на Chat Roulette. На прашањето зошто одбира ваков тип на проекти, тој одговара „Ги започнувам затоа што сакам да се поврзам со луѓето. Не сакам ова да биде сфатено како очаен обид за собирање на што повеќе следбеници“ Сепак, вниманието на огромната Twitter публика а и останатите медиуми, воопшто не е на одмет на млад уметник кој допрва се пробива на сцената.

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Блог избор [Ноември, 2011] | Кригла Пиво

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: