#ТвитерАјвар, една недела подоцна

Навистина ми  е драго што за прв пат на мојот блог имам прилика да пишувам за интересна домашна кампања спроведена преку социјална мрежа. Да бидам искрена, откако ги прочитав постот на @jovanatozija отпрво си помислив дека се’ е кажано и непотребно е повеќе да се раскажува, но сепак се одлучив да напишам пост за #ТвитерАјвар поради две причини. Првата е како што спомнав погоре, приликата конечно да пишувам за убав пример од Македонија, за компанија која ги разбира социјалните мрежи и наоѓа вистински начин да им се приближи на потрошувачите, а втората е заедништвото и поврзаноста која се роди помеѓу македонските твитерџии околу овој настан која многу убаво ме потсети зошто се вљубив во социјалните мрежи (и промовирањето преку нив) на прво место. Само да нагласам, овој пост не е никаков платен текст, или мој обид да изнудам некоја тегла ајвар или џем 🙂 Ова е само моето гледиште на овој настан, како јас го доживеав #ТвитерАјвар.

Иако приказната за #ТвитерАјвар започна во разговор со MAMA’S foods, сепак главни виновници за спроведувањето на оваа кампања се ДиемГП (помогнати од New Media MK). По неформалното #TвитерПиво, настан на кој се собраа четириесетина македонски твитерџии, се појави иницијатива за уште еден собир, кој малку поради сезоната на правење на ајвар, малку поради убавото искуство од претходната дружба прерасна во групна желба за #ТвитерАјвар. Според тоа што можев да го проследам преку социјалните мрежи, клучниот момент за иницирање на #ТвитерАјвар во организација на ДиемГП беше овој пост на нивната Facebook страница:

по кој само еден ден подоцна следуваше и овој твит од профилот на ДиемГП:

Твитерџиите секако беа расположени, и  тука веќе започна да се шири позитивната возбуда околу овој настан. #ТвитерАјвар стана дел од стандардниот твитерџиски речник цела недела пред настанот, од време на време се среќаваа „неупатени“ твитерџии кои се чудеа од каде ајварот станал толку популарен, но во рок од секунди се наоѓаше некој кој самоволно ја споделуваше приказната за #ТвитерАјвар-от без никакви маркетингшки цели и лични придобивки.

Позитивната атмосфера околу настанот постепено се градеше, датата веќе беше закажана за 9 ноември, и во моментот кога веќе беше сигурно дека настанот ќе има голема посетеност, (момент кога многумина би сметале дека работата е веќе завршена) ДиемГП подготви изненадување за дел од твитерџиите. Персонализирани испечатени покани за настанот, доставени дирекно на нивните работни или домашни адреси.

Малото внимание кое го доби дел од твитер популацијата (и доброто таргетирање на твитерџиите на кои им беа пратени покани), предизвика големи реакции. Овој потег уште повеќе ја подгреа атмосферата, и веќе се’ беше (а и сите беа)  подготвени за првиот твитап во Македонија организиран од страна на компанија.

Настанот во најмала рака ги задоволи очекувањата на сите присутни. Покрај презентацијата на големиот избор на производи на ДиемГП, беа вклучени голем број на ситни но значајни активности кои на твитерџиите им пренесуваа дел од твитер околината, и со самото тоа правеа да се чувствуваат уште подобро на самиот твитап. Нема многу да раскажувам за што се случуваше таму, од фотографиите можете и самите да се уверите. Би ги спомнала само live feed-от на хаштагот #ТвитерАјвар  поставен во самата сала, играта во која преку твит се доделуваа тегли ајвар, пиењето на „Твитер ракија“, и најубаво од се’, дружбата и формирањето на нови познанства, запознавањето на луѓето зад аватарите кои секојдневно се следат. За некои ноќта тргна толку убаво што одлучија по #ТвитерАјвар да продолжат и на #ТвитерСалса.

За мене лично, покрај самиот настан најубавиот момент дојде денот по твитапот. Тука јасно можеше да се согледа ефектот кој #ТвитерАјвар го имал врз македонската Твитер заедница. Најпрво започнаа позитивните коментари и пофалби за организацијата и настанот, потоа продолжи споделувањето на фотографии од претходната вечер, објавување на блог постови со коментари и заедничкото коментирање на изминатиот настан. Хаштагот #ТвитерАјвар не престана да живее откако заврши самиот настан, туку само продолжи да расте.

Во текот на кампањата на #ТвитерАјвар, 174 различни твитер корисници твитнаа пост кој го содржи терминот #ТвитерАјвар, а дури 27% од сите твитови со #ТвитерАјвар го спомнаа и @DiemGP (фала @darko156 за информациите).  За резултатите од продажбата е се’ уште рано да се зборува, но задоволните лица на сите кои пробуваа од производите на твитапот ветуваат дека и таму може да се очекува позитивен исход.

И доколку статистиките и бројките не ви кажуваат доволно за ефектите кои ги достигна оваа кампања, сигурна сум дека одличното видео на @fidanska и @sokarovski oд Info Design Multimedia со кое според мене кулминираше оваа кампања ќе ви даде јасна слика.

Со овој твитап, за прв пат во Македонија една компанија успеа не само да остави задоволни посетители на настан, туку и создаде заедница, која е толку задоволна од добиеното што сака да и’ возврати. И сето тоа со помош на само една социјална мрежа. Без помпезни наградни игри, прескапи апликации и огромни кампањи. Со отвореност кон нови можности, искрен пристап и добра организација. Искрено се надевам дека ДиемГП нема да застане по првиот успех и да се потпира на стара слава, туку дека ќе продолжи понатаму со истото темпо, како и дека #ТвитерАјвар ќе стане пример за што поголем број од нашите компании. Ова е одличен доказ дека и кај нас може да се искористи вистинската моќ на социјалните мрежи, се надевам дека отсега ќе имаме многу повеќе случаи кои ќе го потврдат тоа.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: