Дали сте размислувале за форум?

Пред 2 недели покрај #ТвитерАјвар имав прилика да присуствувам на уште еден настан на кој повторно се уверив во големата моќ на онлајн комуникацијата и нејзиното значење во формирање на цврсти онлајн заедници. Овој пат се работеше за првиот роденден на CARclub.mk, голема дружина на уште поголеми вљубеници во автомобилите.  CARclub.mk е независен форум кој започна да функционира во 2010та, поради големата посетеност и интерес на сите форумџии набрзо потоа започна да организира свои официјални собири, за на првиот роденден да го лансира и сајтот за автомобили carclub.mk.

Фотографија: CARclub.mk

На роденденот беа собрани отприлика 80тина љубители на автомобилите, членови на овој форум,  меѓу кои (и покрај лошите временски услови) имаше луѓе дојдени од Битола, Охрид, Струмица, Виница, специјално за настанот. Имајќи во предвид дека овој форум зa само една година постоење успеа да собере 844 членови, над 230.000 посети и 1.650 теми, може да се каже дека постигнал одлични резултати. Но нешто што значи повеќе од сите овие бројки е заедништвото на членовите на CARclub.mk, поради кое денес овој форум може да се пофали со цврста заедница на страствени поддржувачи кои не мора да се поткупуваат со подароци или награди, туку сами, по своја желба и на свое задоволство гордо го промовираат овој форум како свој.

Фотографија: Кристијан Ивановски

Причината зошто воопшто се одлучив да пишувам за CARclub.mk не e за бесрамно да ги изрекламирам, туку покрај моќта за креирање на една силна заедница преку форум, да укажам на уште еден интересен начин на промовирање кој е застапен кај CARclub.mk.

Овој форум има oстварено соработка со десетина компании од автомобилската индустрија кои во негови рамки имаат свои подфоруми кои активно ги користат за комуникација со членовите. Според мене ваквиот начин на комуницирање а со тоа и промовирање е вистински погодок. Членови на овие подфоруми се вообичаено луѓе кои навистина се интересираат за производите на компаниите кои ги отвораат, и кои можат најмногу да придонесат за ширење на позитивни коментари или воопшто запознавање на јавноста со одредени брендови.

Посветеноста на членовите на еден форум значи и тежи многу повеќе од еден обичен Like на Facebook страница. Комуникацијата со овие членови може да донесе многу повеќе од само ретвит или позитивен збор на некоја социјална мрежа. Форумите претставуваат одлична можност за директна комуникација со целната публика, и иако можеби не се толку интересни или модерни како социјалните мрежи, можат да донесат огромни позитивни ефекти за една компанија. Доколку досега не сте размислувале за промовирање преку форум, се надевам дека овој текст ќе ве поттикне да го направите тоа 🙂

Advertisements

2 comments

  1. Одличен текст :). Морам да признаам дека создавањето на форум е најтешката работа (не техничкиот дел, туку привлекувањето на заедницата и самата комуникација) и јас им симнувам капа на сите успешни форуми меѓу кои Carclub.mk, it.com.mk и уште некои кои се специјализираат за некоја област.
    Од друга страна пак генералните форуми и не ми се премногу симпатични, но сепак имаат привлечено голeм број луѓе.
    Е сега за оној вториот дел за промоција е малку потешко 🙂 треба да си присутен таму, а за тоа се помалку време.
    Уште еднаш, добар текст 🙂

    • Iva

      Фала многу 🙂 Дефинитивно присуството на форум посебно од страна на фирми бара многу време, ама барем како што можев да се уверам од случајот на CARclub.mk тоа и се исплати 🙂 Останува да почекаме (побараме) коментари и од некоја фирма која се испробала со ваков тип на промовирање за да можеме да имаме и некаква мерливост за ефектот од вложувањето.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: