Уште неколку интересни кампањи од 2011

Во замена за листа на најчитаните текстови за минатата година, ќе ви претставам неколку интересни кампањи на кои не успеав да им посветам внимание минатата година. Се надевам дека ќе ви се допаднат 🙂

1. Направете ваш пијалак со Coca Cola

Со својата Freestyle Facebook апликација, Coca Cola им овозможи на обожавателите од цел свет да создадат свој уникатен вкус како комбинација од различни Coca Cola пијалаци, а американците дури и добија можност да го вкусат. На корисниците им беше дадена можност да „миксаат“ 125 пијалаци, да ги именуваат, и на крај да ги испробаат од една од 1500те Freestyle машини поставени низ најголемите американски ресторани за брза храна. Апликацијата освен на Facebook беше прилагодена и за iOS и Аndroid, а според најавите на AdvertisingAge, времето на Freestyle на Coca Cola допрва следи оваа година.

2. Новото лице на бонбоните Maynards

Производителите на бонбони Maynards од Канада, додадоа сладок шмек на веќе досадните „прикачете ваша фотографија“ апликации. Барајќи го новото лице на Maynards бонбоните, тие побараа од корисниците на нивната Facebook апликација да прикачат фотографии од нивните лица и преку обработка на фотографиите да ги креираат следните Maynards бонбони.  Им беше дадена опција да го креираат изгледот на самите бонбони, како и на самото пакување. Се уште можете да ја испробате апликацијата на овој линк.

3. Читајте The New York Times од вашето огледало

Печатените верзии на дневните весници полека изумираат, но светските гиганти од оваа индустрија не се предаваат и испитуваат нови начини за пласирање на информации на својата публика. The New York Times најде иновативен начин да биде првото нешто што читателите ќе го видат кога ќе станат, и последното пред да си легнат. Тие го креираа „волшебното огледало“, апарат која пренесува информации преку огледалото на читателот. Огледалото функционира врз база на Microsoft Kinect и препознавање на гласови. Врз основа на движењета и зборувањето на читателот, огледалото предлага одредени содржини, совети и слично.

4. Twitter трка на Citroen

Citroen во Холандија организираше натпревар во кој главната награда беше Citroen DS5. Концептот на натпреварот се базираше на Твитер, и корисничкото учество преку оваа социјална мрежа. На твитерџиите им беше дадена можност преку своите твитови да контролираат неколку возила кои се тркаа низ улиците на Холандија. Трката беше временски ограничена и можеше да се следи директно преку Facebook страницата на Citroen.

5. Декорирајте ја вашата Guiness чаша

Guiness се одлучија да го искористат еден од најактуелните трендови, проширена реалност, во својата празнична кампања. Тие креираа апликации за Android и iOS кои на љубителите на Guiness им овозможуваа да ја декорираат својата чаша и потоа да ја пратат финалната верзија на своите пријатели.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: