Светските сајтови во борба против SOPA

И откако конечно се помиривме со тоа дека Facebook денес нема да биде исклучен, еве неколку интересни примери на сајтови кои вистински се борат против SOPA.

Еден од најоткачените е The Oatmeal кој на затемнувањето во знак на протест против SOPA се придружи со анимирано објаснување во негов стил 🙂

Google пак својот придонес го даде преку затемнување на добро познатото лого, како и поставување на линк под стандардниот пребарувач со текстот: Tell Congress: Please don’t censor the web! Линкот води до петиција на која се повикуваат да потпишат сите кои сакаат да го запрат пиратирањето но не и слободниот говор. Покрај петицијата е додаден и инфографик кој прикажува како досега се одвивале протестите против SOPA, со повик на сите читатели да се активираат.

Mashable даде детално објаснување какви опасности носи SOPA, додека The Next Web дури и најде смешни преводи за SOPA на повеќето светски јазици.

Најхрабриот чекор дефинитивно го направи Wikipedia, со комплетно гаснење на сајтот.

Гласањето за SOPA ќе се одвива на 24ти јануари, искрено се надевам дека сите овие акции ќе придонесат да се спречи донесувањето на ваков закон, и дека сепак и по 24ти ќе имаме слободен интернет.

Advertisements

One comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: