Кога Тwitter кампањата ќе трге наопаку

Последниот пример за тоа како една кампања на социјални мрежи може да биде уништена во само еден час ни го дава McDonald’s со својата #McDStories  Twitter кампања.

Сакајќи да го нагласат здравото потекло на состојките на нивните сендвичи, маркетинг тимот на McDonald’s твитна неколку пораки со хаштагот #MeetTheFarmers алудирајќи на фармерите кои стојат зад нивната здрава храна. Брзо потоа, хаштагот #MeetTheFarmers го сменија во #McDStories, сакајќи освен на фармерите, да им обрнат и посебно внимание на вработените во секој McDonald’s ресторан.

Компанијата објави само два твита со овој хаштаг пред тој да биде комплетно превземен од твитерџиите од целиот свет. Негативните коментари преовладаа, а имајќи го во предвид климавото реноме на брзата храна, особено на McDonald’s, можете да претпоставите какви сè приказни се објавија. Oд пронаоѓање на нокти во сендвич, глувци во рестораните, приказни за неправедни отпуштања, сè до едноставно мразење на брендот и сè што нуди. Реакциите беа толку силни што овој хаштаг стана и дел од топ хаштаговите на Twitter во тој период, а се јавија и сајтови кои ги издвојуваа најдобрите твитови од овој хаштаг.

Лошо планирање или лошо одбрани зборови? Според мене главниот проблем тука е во еднонасочната комуникација и непредвидувањето на реакциите на публиката.

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Блог избор [Јануари, 2012] | Кригла Пиво

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: