Condomo8: апликација која го оценува вашето сексуално искуство

Колумбијскиот огранок на маркетинг агенцијата McCann Erickson доби задача да спроведе кампања за безбеден секс посебно посветена на шведската младина. За да ја остварат оваа цел, тие решија да ја сменат перцепцијата на младите за кондомите и нивната употреба.

Кампањата започна со делење над 50.000 бесплатни кондоми кои на задната страна освен основните информации содржеа QR код и повик за учество во летна секс статистика. Кодот водеше до апликација наречена „Condomo8, The Sex Profile“. Целта на „Condomo8“ беше да го „измери“ сексуалното искуство на корисникот на апликцијата врз основа на три критериуми:  ритам, звук и времетраење на односот.

Од корисниците се бараше да ја активираат апликацијата при започнувањето на нивниот сексуален однос, и да ја запрат со неговото завршување. Податоците потоа беа анализирани, и вклучени во големата статистика поставена на сајтот на кампањата.Корисниците имаа можност да ги следат своите различни резултати, да се споредуваат со другите, или да ги следат просечните резултати според различни типови на личности.

Активностите од оваа кампања не запреа само на сајтот на Condomo8. По направената анализа, главните заклучоци беа испечатени и излепени низ улиците на Стокхолм.

Во текот на кампањата имаше 5.900 регистрации на апликацијата (за да се користи, не мораше да се регистрира), а 39% од младите во Стокхолм по користењето на апликацијата беа повеќе спремни да корисат кондом од претходно.

Одлично таргетирање и познавање на потребите на целната публика, ова е уште еден супер пример за поврзување на QR кодовите со ефикасна онлајн кампања.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: