Karl Lagerfeld го менува модниот маркетинг

На минатогодишниот Le Web, Karl Lagerfeld ја најави соработката со модната онлајн платформа Net-A-Porter на ексклузивната модна линија „Karl“. Очекувањата на модните фанови беа големи, а по реакциите на вчерашното лансирање на линијата, Karl дефинитивно успеа да ги оправда.

Покрај модниот успех, тоа што мора да се спомнe е и кампањата која заеднички ја подготвија Lagerfeld и Net-A-Porter. Кога на едно место ќе се спојат два гиганти на една толку креативна индустрија како модната, нормално е и промотивните активности за нивната соработка да отскокнуваат од стандардите.

Кампањата започна со видео во кое Karl Lagerfeld правеше интервју на самиот себе си. Дел од видеото беше лансиран како тизер на социјалните мрежи, а комплетното интервју можеше да се погледне ексклузивно на net-a-porter.com

Потоа следеше приватна забава на имото на Karl, на која беа поканети само одбрани гости, но за која се зборуваше насекаде. Покрај другото, една од главните причини беа брендираните iPad-и на кои покрај логото на Apple беше и ликот на Karl Lagerfeld, кои беа подарувани на секој гостин.

Кампањата кулминираше вчера, на официјалното лансирање на линијата. Излозите на продажните салони на Lagerfeld во Лондон, Сиднеј, Њујорк, Берлин и Париз беа центарот на случувањата. Излозите беа излепени со парчиња гардероба од колекцијата „Karl“, а преку концептот на проширена реалност (augmented reality) на посетителите кои беа пред излозите со помош на апликцаијата net-a-porter за iPhone и iPad им беше овозможено да дознаат повеќе за секое парче гардероба.

Дополнително, на некои од моделите се криеа и награди, па освен тоа што можеа директно да купат модел (уште пред да го погледнат во живо) посетителите имаа можност и да освојат интересни награди.

Според Net-A-Porter и Karl Lagerfeld ова е само почетокот и допрва ќе претстават новитети во промовирањето и продажбата на гардероба. По ваков старт, очекувањата се многу високи, останува да почекаме да видиме со што ново ќе нè изненадат 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: