Сподели идеја на TEDxBled

На 18 Март во Блед, Словенија ќе се одржи независниот TED настан, TEDxBled, на тема „Инспирирај. Промени. Имај влијание.“ Настанот е организиран од страна на Challenge:Future, како дел од нивниот Challenge: Future самит.  Интересно покрај самиот настан е тоа што TEDxBled бара двајца инспиративни говорници кои ќе ги споделат своите идеи на овој настан, а за оваа улога можат да аплицираат и говорници од Македонија.

Критериумите за говорници се следните: да имате од 18 до 30 години (статус на студент не е задолжителен) и да се имате регистрирано на Challenge:Future платформата. Сите трошоци за одбраните говорници ќе бидат покриени, а рокот за аплицирање е 6ти февруари.  Како бонус награда, добитниците ќе добијат можност за целосно учество во Challenge: Future самитот, каде ќе имаат можност да запознаат младина од целиот свет, релевантни лица од светската бизнис заедница, како и академски професори со престижни биографии.

Повеќе информации за TEDxBled и Challenge: Future самитот со нас сподели Бистра Кумбароска, задолжена за маркетинг во Challenge:Future.

1. Кажи ни нешто повеќе за Challenge:Future Summit. 

Challenge:Future самитот е меѓународен собир кој овозможува средба помеѓу избрани млади луѓе од целиот свет, бизнис експерти и лидери, познати државници и владини лица, иновативни и престижни академски професори и светски медиуми. Самитот вклучува четири  паралелни случувања:

  • Challenge:Future Академија (16 – 20 март 2012, Блед, Словенија) тема: Leadership for Smart, Sustainable and Inclusive Growth
  • Challenge:Future младински форум (18 март, 2012, Блед, Словенија) Округла маса + ексклузивен TEDxBled настан во кој 10 млади говорници од 10 различни земји ќе оддржат инспиративни говор за промените кои тие ги направиле
  • Challenge:Future образовен форум (19 -21 март, 2012, Блед, Словенија) тема: 2020 – Risk or Opportunity: Next challenges for next champions
  • Challenge:Future гала церемонија (21 март 2012, Љубљана, Словенија) тема: Towards Smart, Sustainable and Inclusive Future

Футуристот Џоел Баркер, и познатата Дипа Прахалад се само дел од листата говорници кои ќе имаат свои работилници и сесии за време на Самитот. Настанот за прв пат се оддржа во 2010, а дел од минатогодишната атмосфера можете да погледнете тука.

2. Од каде идејата да го вклучите TEDxBled во програмата на Challenge:Future Summit?

Идејата за вклучување на TEDxBled настан во програмата на самитот се наметна како логична последица од досегашното следење на TEDx настаните во Љубљана. Пред само неколку месеци, Challenge:Future беше дел од настанот TEDxYouth Ljubljana, каде мојот колега Дан од Романија, имаше можност да застане на сцената и да ја инспирира полната сала млади луѓе. Со оглед на тоа дека самата платформа Challenge:Future е формирана за вмрежување и инспирирање на креативната и иновативна младина во светот, овие две организации решија да соработуваат и во поглед на организација на TEDx настани.

“To organize a TEDx event within the C:F Summit 2012 feels like hitting the exact point where ideas worth spreading meet the youth impacting, and it is a great opportunity to hear youth stories that were life-changing and will inspire thousands of others” вели Дан.

3. Каков е одзивот досега? Дали има многу пријавени за говорници?

Натпреварот за говорници на TEDxBled започна на 20ти Јануари и промоцијата само што зема замав. Засега имаме 5 потенцијални говорници, чии говори може да ги чуете на линкот погоре. Информацијата допрва ќе се шири низ онлајн каналите на нашата и други партнерски мрежи. Се надевам дека и младинaта во Македонија ќе го прифати овој предизвик и ќе биде учесник во поголем број. На моја голема радост, веќе добивме мејлови и пораки од македонски студенти и средношколци кои покажуваат интерес за учество. Браво!

4. Што би им препорачала на сите кои планираат да се пријават? 

Tемата на TEDxBled настанот e Inspire.Change.Impact. Во денешното општество каде сме преплавени со инспиративни пораки и зборови, можеби оваа тема звучи како уште едно бла-бла-бла. Но ајде да размислиме. Што е инспирација, што е промена, што е да имаш влијание? Дали сме го смениле животот на некого досега? Како? Дали е до храбороста или е до решителноста? Дали е реткост или честа појава?

Преку моето работење во Challenge:Future, опкружена сум со приказни и искуства од луѓе од целиот свет. Чудо е како нештата кои за нас во Македонија или Словенија се сфатени здраво-за-готово, за луѓето во Африка или земјите од Азија можат да предизивикаат длабока промена, непроценлива инспирација или мотив. Говорниците треба да бидат храбри прес себе си и решителни пред другите! Преку споделување на своите приказни, искуства, или гледишта говорниците на овој настан, треба да ги допрат животите на светската младина.

Како мала мотивација и храна за умот, би го споделила говорот на една млада девојка, која предизвика многу позитивни реакции насекаде низ светот: http://www.ted.com/talks/natalie_warne_being_young_and_making_an_impact.html

Повеќе за TEDxBled можете да дознаете на нивните Facebook и Twitter страници. За да аплицирате за говорник, кликнете тука. Се надевам дека од Македонија ќе излезат многу идеи вредни за споделување, па можеби и некоја посветена на маркетингот на социјалните медиуми 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: