Old Spice „упаѓа“ во туѓи реклами

Иако неодамна беше објавено дека Procter & Gamble, компанијата која стои зад брендот Old Spice, ќе мора да отпушти 1.600 вработени, дел од нив и од маркетинг секторот, сепак по сè изгледа тие немаат намера да запрат со објавување на веќе препознатливите откачени реклами.

Под мотото „Толку е моќен што самиот се продава во туѓи реклами“ (It’s so powerful it sells itself in other peoples commercials), Old Spice го промовира својот најнов производ, дезодорансот Bounce. Во главната улога (покрај Bounce) наместо Isaiah Mustafa, сега го гледаме Terry Crews, еден од постарите Old Spice момци.  Во склоп на кампањата со име „Миризбата е моќ“ (Smell is Power) веќе се објавени четири реклами во кои Terry безсрамно упаѓа во реклами за освежувач за воздух, детергент и слично, и го промовира Bounce.

Наскоро очекуваме и нови реклами од оваа кампања, а како тргнало можеби ќе видиме и дуел на двајца нови Old Spice guys 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: