Foursquare доделува беџови на 15 градови. Ајде да освоиме еден за Скопје!

На официјалниот блог на Foursquare вчера беше објавен интересен натпревар наменет за целиот свет. Презадоволни од успехот на #visitUS натпреварот во кој различни градови од САД се натпреваруваа да добијат свој Foursquare беџ, тие решија овој натпревар да го направат глобален.

На 15 градови од целиот свет им е дадена можноста да освојат свој беџ, а процесот на вклучување во натпреварот е следниот:

1. Потребно е да се направи листа за градот преку https://foursquare.com/lists. Потребно е да се вклучи името на градот и хаштагот #4sqCities.

2. Следен чекор е да се додадат локации од градот кој се натпреварува. Пожелно е да има околу 40 – 50 локации, не повеќе од 70, и тие да бидат што поразлични, кафулиња, спортски сали, продавници, паркови и сл. Препорака на Foursquare е да се додадат и фотографии и tips на секоја од локациите.

3. Откако ќе се направи листата, потребна е и нејзина промоција за да се добијат што повеќе check-ins од наведените локации. (Муабети за освојување на беџ за Скопје се веќе започнати на Twitter, така да имаме добра платформа на која може да се надгради целата кампања со споделувања на Facebook, Twitter, Pinterest…  🙂

4. Последен чекор е пријавување на твитот во кој се промовира листата на градот (со хаштаг #4sqCities) во посебен формулар. Пријавувањето трае до 23ти март, а формуларот е поставен тука:  https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dGVic2d1WTNpY240X01abl9KSFhndlE6MQ

Победниците на овој натпревар ќе бидат одбрани од страна на Foursquare, а критериуми за избор покрај интересна листа на локации со многу check ins, се и интересните tips и креативни фотографии од секоја од локациите. По 3 града победници ќе бидат одбрани од Африка, Северна и Јужна Америка (без САД), Европа, Океанија и Азија, што значи дека конкуренцијата е мнооогу голема.

Скопјани веќе се докажаа како љубители на Foursquare, па зошто да не се обидеме и со овој натпревар? Ајде да освоиме беџ за Скопје! 🙂

Дополнување: Листата на локации од Скопје веќе полека се креира. Можете да ја погледнете на овој линк: https://foursquare.com/user/5752814/list/skopje-4sqcities и не заборавајте да се чекирате 🙂

Advertisements

5 comments

  1. Ајде, кој ќе ја состави листата? 😀

    • Iva

      Еве јас веќе почнав да составувам, ако имаш предлог обавезно пиши 🙂

  2. Ама ми излегло името, theswimmingpooloshe :S:S:S :)))

  3. Pingback: Како до Foursquare беџ за Скопје? « This is Not a Social Media Blog

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: