Како до Foursquare беџ за Скопје?

Во претходниот пост го најавив натпреварот на Foursquare, во кој беше најавено дека 15 градови од целиот свет имаат можност да освојат свој Foursquare беџ. Многу ми е мило што акцијата за беџ на Скопје им се допадна на доста македонски Foursquare корисници, па така мотивирани од идејата Скопје да добие значајно место на мапата на Foursquare, започнавме да се организираме.

Првиот чекор е веќе завршен. Листата на локации е направена, и поставена тука:  https://foursquare.com/notsocialmedia/list/skopje-4sqcities (oгромно благодарам до сите кои помогнаа во нејзиното креирање). Сугестии се сè уште добредојдени, особено ако сметате дека некои пофреквентни локации со многу check ins се испуштени. Засега, 218 Foursquare корисници ја следат листата, а веќе почнуваат да пристигнуваат и првите фотографии и tips.

Следен чекор е и најважниот. Во периодот до 22ри март, потребно е да направиме што повеќе check ins, да прикачиме интересни фотографии од локациите кои ги посетуваме, и да оставиме tips за сите оние кои во иднина ќе ги посетат. Исто толку значајно како чекирањето е и споделувањето на информациите за оваа мала акција. Секој share/retweet/pin има потенцијал да донесе нови чекирања, а со тоа и да нè одведе поблиску до беџот.

Време имаме и повеќе од доволно, сè што преостанува е да ги земеме мобилните во раце и да го „отклучиме“ Скопје 🙂

Advertisements

4 comments

  1. Ognena

    A kade da predlozam uste nekoi mesta?

  2. а да го направиш некако секој да може сам да става локации без да те мачиме тебе? 🙂

    • Iva

      Мислам дека нема таква опција, инаќе одма ќе ја отворев листата :S Aма не ми е тешко, слободно пишувајте јас цело време си додавам, имаме уште 4 дена 🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: