Употреба на RFID кодови, нов маркетинг тренд?

*Текстот е првично објавен на It.com.mk

RFID (Radio Frequency Identification) кодовите од неодамна се сè почесто употребувани за маркетинг цели. Започнувајќи со минатогодишниот Coca Cola камп, каде наместо влезници, на посетителите им беа давани алки со интегриран RFID код преку кои директно се поврзуваа со нивните Facebook профили, нивното користење само се интензивираше.

Употребата на овие кодови, се потврди како ефикасна и на неодамна одржаниот саем за автомобили во Амстердам. При влезот на саемот, на секој посетител на просторот на Renault му беше давана посебна картичка со вклучен RFID код, која во себе ги содржеше неговото корисничкото име и лозинка на Facebook. Со оваа картичка на корисниците им беше давана можност да ги лајкнуваат автомобилите преку поминување со картичката пред специјалните Facebook панели поставени покрај секое возило. Со лајкнувањето преку овие панели, информациите за возилото кое посетителот означил дека му се допаѓа се појавуваа директно на неговиот Facebook профил, како и на почетната страница на профилите на неговите пријатели. Со помош на RFID кодовите, Renault успеа да се издвои од другите изложувачи на саемот за автомобили на многу едноставен и прилично ефтин начин.

Сепак, и покрај очигледната ефикасност во однос на рекламирањето и олеснување на процесот на поврзување со Facebook, сè уште постојат двојби околу оправданоста на употребата на RFID кодовите. Главната причина за тоа се многуте контроверзии поврзани со досегашните испитувања на овие кодови, особено во однос на приватноста на информациите кои ги содржат, но, ниту едно од овие несогласувања не ги спречи светските магнати да ги користат во своите кампањи.

Дали сето ова значи дека корисниците повторно (како и со случајот на Facebook) ќе се помират со ранливоста и изложеноста на нивните лични информации пред широката јавност во замена за забава, останува времето да покаже. Тоа што ние би го препорачале е да внимавате каде ќе се согласите да ги објавите вашите информации, колку и да изгледа интересно „наградата“ која ви се нуди за возврат. 🙂

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: