„Интернет на нештата“ во маркетингот?

Неодамна се сретнав со интересен концепт наречен Internet of things (Интернет на нештата) кој пропагира креирање на „паметни градови“, градови кои ќе бидат комплетно врзани со невидлива мрежа на RFID кодови со цел да овозможат полесно и поефикасно функционирање на секојдневните процеси.

Еден од најголемите поборници на овој концепт е Rob van Kranenbrug, професор и писател, најпознат како автор публикацијата „Интернетот на нештата“, а воедно и еден од предавачите на овогодинешната Share конференција.

Гледајќи го потенцијалот во интернетот на нештата, Van Kranenbrug  го основал Советот на интернетот на нештата,чија задача е да го олесни процесот на прифаќање на овој концепт, и да им помогне на луѓето и компаниите да се справат со огромните измени кои тој ќе ги донесе во нивното секојдневие. Советот се залага за креирање на најотворен, инклузивен и иновативен интернет на нештата, преку преминување на границите помеѓу социјалната иновација и безбедноста на информациите, со пронаоѓање на начин во кој и двете страни ќе се комбинираат за остварување на поголема и позначајна заедничка цел. Според Советот, неминовно е дека поврзувањето со RFID кодови ќе донесе негативности, но Советот смета дека тие се минимални во однос на тоа колкав придонес интернетот на нештата може да има во развојот на самиот интернет а со тоа и човештвото.

За мене посебно интересно од целиов овој концепт е употребата на RFID кодовите во маркетингот, и искористувањето на тоа комплетно поврзување на градовите во маркетингшки цели. За примери на користењето на вакви кодови веќе пишував во моите претходни постови, секако предводник беше Coca Cola, потоа и автомобилските магнати, додека денес веќе и помалите компании започнуваат интензивно да ги употребуваат.

Сепак, неминовно е прашањето дали формирањето на „паметни градови“ ќе создаде простор за креирање и на „паметни реклами“. Дали со интернетот на нештата рекламите ќе станат уште поперсонални од денешните реклами на социјалните мрежи кои не таргетираат според возраста, полот, локацијата? Врзувањето на овие мрежи од RFID кодови може да придонесе за тотална персонализација, така што секој поединец ќе добие порака насочена спрема него, прилагодена на неговите потреби и моментални активности. Дали овој начин на промовирање ќе придонесе за отстранување на посредникот во продажбата? Можностите се преголеми.

Се надевам дека доколку овој концепт профункционира ќе успееме да ја видиме неговата позитивна страна и дека тој ќе биде користен за напредок а не за уште поголемо соголување на приватноста и отворање на лични информации пред јавноста. Останува да чекаме и видиме, како и да слушнеме нешто повеќе за него на овогодинешниот Share 🙂

Advertisements

One comment

  1. Pingback: Блог избор [Март, 2012] | Кригла Пиво

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: