Втора Digital Day конференција во Белград

Press release

Експерти од најголемите светски компании ќе држат предавања за современите тенденции од областа на онлјан маркетингот

Вториот Форум IAB Serbia: Digital Day 2012 ќе се одржи и оваа година, на 25ти април во домот на млади во Белград, во организација на IAB Србија, асоцијација за промоција и развој на пазарот на дигитален и интерактивен маркетинг. Минатогодишното искуство покажа дека јавноста во Србија е заинтересирана за дигитална комуникација, па така, посетителите повторно ќе имаат прилика да ги видат и слушнат некои од најголемите професионалци од областа на дигитален и интеракитвен маркетинг.

Конференцијата, како и самата организација IAB Србија има за цел помеѓу останатото да ја информира јавноста за можностите и предностите на дигиталниот маркетинг и промените во индустријата. Факт е дека маркетингот и комуникацијата со јавноста во секоја област на делување сѐ повеќе се врши преку дигиталните канали, кои се побрзи, поефикасни и овозможуваат двонасочна комуникација. Секако, сѐ ова не би било можно без одредени генијални компании кои откриваат современи и софистицирани дигитални решенија, кои ја забрзуваат комуникацијата и го прават животот полесен за милиони жители насекаде во светот.

Предавачите кои досега го имаат потврдено своето учество на оваа стручна конференција се: Matevž Klanjšek, CPO на компанијата Celtra, кој ќе говори за напредните кампањи во областа на мобилниот адвертајзинг, потоа Steffen Ehrhard, продукт експерт за display адвертајзинг во Google, Marta Klepka, интернационален маркетинг директор за Gemius, која оваа година ќе ја покрие темата на пазарни мерења и истражувања, Gergely Toth, бренд менаџер и медиа експерт за Heineken во Романија, кој ќе говори за маркетингшката стратегија на оваа голема компанија и користењето на социјалните мрежи во позиционирањето на нивниот бренд, потоа Rupert Slade експерт со огромно искуство од агенцијата PhD Worldwide и Claude Spasevski, CEO и основач на Marnie Digital. Покрај импресивната листа на стручни говорници, во редовната програма е вклучена и панел дискусија на тема „Digital Brands“ во која ќе учествуваат најголемите дигитални огласувачи од Србија.

Поддршка на форумот IAB Србија ќе им пружат и претставниците на IAB Европа – Alain Hureux, претседател и CEO и Ionel Naftanaila, проектен менаџер задолжен за имплементација на саморегулативниот OBA Framework, како и сите најзначајни претставници на IAB CEE мрежата.

 —

IAB Serbia

Interactive Advertising Bureau Serbia е организација која се занимава со пружање на активна поддршка на растот и развојот на пазарот на дигитален и интерактивен маркетинг во Србија. IAB Србија е во потполност посветена на константниот равој на локалниот дигитален и интерактивен пазар, преку пружање на соодветни едукативни содржини на сите заинтересирани страни, овозможување на поголема транспарентност на пазарот и промоција на европските IAB вредности на локално ниво. Повеќе информации на: www.iab.rs

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: